Состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Денеска на 10.03.2021 г. со почеток од 12:00 часот се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување, присутни беа началникот Никола Тушев, помошник на началникот за згрижување и евакуација, Сашо Протогеров, помошник на началникот за заштита и спасување, Тони Атансаов, помошник на началникот за заштита и спасување од поплави, Живко Тасев, извршител администратор, Александар…

Контролна листа на ПУЖССА – Реконструкција на улиците „5ти Конгрес“, „Браќа Даневи“ и „Солидарност“ во општина Штип

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Штип аплицираше со проект за Реконструкција на крстосницата помеѓу локалните улици „5ти Конгрес,“ и „Браќа Даневи“ , “Солидарност “во Oпштина…

Акција за отстранување на хаварисани возила

Секторот за инспекциски надзор на Општина Штип започна акција за отстранување на хаварисани и неисправни возила кои узурпираат јавна површина. Сопствениците на возилата имаат рок за отстранување одреден од комунален инспектор, а доколку рокот е пробинен возилата се отстрануваат од страна на јавното претпријатие “Стипион”.

Отстранување на рампи за паркинг без дозвола

Поради узурпирање на јавна површина со поставување на рампи за паркинг без дозвола, по налог на комунален инспектор е пробиен рокот од 7 дена даден за нивно отстранување. Рампите за паркинг се отстрануваат од страна на ЈП “Стипион”.

Во завршна фаза е новиот експресен пат А3 Штип – Кочани со вкупна должина од 28 км

Со задоволство најавуваме дека во завршна фазе е новиот експресен пат А3 Штип – Кочани со вкупна должина од 28 км. Завршена е првата фаза од експресниот пат Штип – Крупиште во должина од 14.30 км. Во завршна фаза е и Крупиште – Кочани во должина од 13.75 км. Капиталните инвестиции се од голема важност…

Расчистени дилемите за правилно презентирање на утврдените промени со еднаквите можности во општините

На 27.02.2020 година во ЗЕЛС Тренинг Центарот во Скопје, по иницијатива на ЗЕЛС се одржа работилница на која учествуваа координаторите за еднакви можности помеѓу жените и мажите во општините, државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и претставничка од Секторот за еднакви можности од оваа институција, а присуствуваше и претставник од…

Средба со друштво на планинарски спортови „Лисец“

Ваквите средби ни се со исклучителна важност, со цел афирмација на планинските спортови! ДПС “Лисец” е организација која ги сплотува сите планински спортови повеќе од 50 години. Во рамки на “Лисец” функционираат неколку спортски клубови како Спортско качување, Спелеологија, Алпинизам, Спортска ориентација, планинарство и планинско трчање.

Чекор кон поефикасна и поголема транспарентност

Дигитализацијата е чекор кон поефикасна и поголема трамспарентност. Денес Градоначалникот на Општина Штип учествуваше на дебата Дигитализирај ме – “Кажи за другите да знаат”. Ја подобруваме комуникацијата меѓу граѓаните и граѓанските организации со општината. Ја обновуваме интернет страната на општината и ја апдејтираме со повеќе вести се со цел граѓаните навремено да бидат информирани. Ќе…

Посета на Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј

Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј на посета во Општина Штип. Се разговараше за проектите кои општината ги реализира од европските фондови, но и за трговската соработка меѓу Велика Британија и Северна Македонија. Во наредниот период  со тимот на амбасадорката Галовеј ќе соработуваме за да се воспостави онлајн форум со компаниите, а со цел да…