Заклучоци од Општински Штаб за заштита и спасување во проширен состав

Денес се одржа седница на Општинскиот Штаб за заштита и спасување во проширен состав на кој беа присутни претставници од МВР, Црвен Крст, Општински инспектор, ЦЈЗ, ДИТ-Штип, АРМ, Гласен текстилец. Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните заклучоци и задолженија: Задолжително  зајакнување на  соработката со Ковид -координаторите  за училиштата со Центарот за јавно…

Увид во градежни зафати кај Филтер станица

Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев извршија увид ви градежните зафати за реконструкција и адаптација на Филтер станицата. Се работи на замена на доводот во Филтер станицата и вградување на мерач на проток. „Можам со задоволство да констатирам дека работите се одвиваат со потребната динамика и…

Честитка по повод Светски ден на наставникот

Заменик градоначалникот, Јане Миланов како просветен работник упати честитка по повод Светскиот ден на учителот, до секој еден чинител на наставниот кадар ширум нашите образовни установи, кој се посветил на оваа одговорна и пред се’ хумана професија. ,,Да се биде наставник, значи да се биде родител и надвор од дома. И другар и педагог. Да…

Посета на заменик претседателот на Владата, Фатмир Битиќи

Во посета на општина Штип денеска беше замник претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Заменик претседателот на Владата, Битиќи заедно со замник градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов ја посетија штипската компанија Актива, каде заменик претседателот имаше можност да се запознае со инвестициите на оваа успешна…

Прв училиштен ден

Денеска започна училишната година за основните и средните училишта. Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со претставници од кабинетот, ги посети основните училишта „Славејко Арсов“ „Ванчо Прке“ и „Тошо Арсов“ кадешто учениците од прво до трето одделение ќе посетуваат настава во училиштата, а останатите ќе имаат online настава. Почетокот на училишната година помина во најдобар…

Заврши 35. издание на “Макфест”

Вчера во Штип заврши 35 издание на фестивалот на музика „Макфест 2020“. Победник е Нокаут со песната „Сакам да живеам“ за која доби парична награда од 5000 евра, втората награда и 3000 евра ги доби Ѓоко Танески за песната „Ден по ден“ и трета награда ја доби песната „Ако те изгубам“ во изведба на Омар…

Увид во градежни активности за пристапни улици кај аква парк

Спортско рекреативниот центар Брегалница добива нов и модерен лик за граѓаните на општина Штип. Денеска заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски беа на увид во градежните активности за изградба на нови пристапни улици до аква паркот и целиот спортско рекреативен центар. „Се работи за изградба…

Продолжено работно време во петок (18.09.2020) и сабота (19.09.2020)

Ве известуваме дека локалите во општина Штип на деновите 18 и 19 септември (петок и сабота) ќе работат со продолжено работно време по повод одржувањето на културната манифестација Макфест. На 18.09.2020 г. (петок) и 19.09.2020 г. (сабота) работното време се продолжува за два часа односно до 03:00 часот по полноќ.

Увид во градежни активности за водовод во Чардаклија

Денеска заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов и директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев беа на увид во градежните активности за изградба на водоводна линија до Чардаклија. „По инвестицијата во населба Балканска, пристапуваме со поставување на водоводна линија за водоснабдување на Чардаклија. Се работи за инвестиција од 5,5 милиони денари и водоводна цевка во…

Одржана првата прес конференција за „Макфест“ 2020

Денес во Штип се одржа првата прес конференција по повод фестивалот на музика „Макфест 2020“. Прес конференцијата, во име на организаторот, Општина Штип, ја отвори заменик градоначалникот Јане Миланов, кој ги претстави спецификите на годинашниов „Макфест“: – „Макфест“ е бренд кој остави во наследство над 1000 композиции и воедно останува најголем промотор на музика  уште од…