Советот е претставнички орган на граѓаните кој одлучува во рамките на надлежностите на Општината.
За разгледување на прашања и утврдување предлози од одредена област, Советот од својот состав може да формира постојани и повремени комисии, а составот и начинот на изборот на членовите на комисиите се уредуваат со Статутот и нивниот состав соодведствува на пропорцијоналната застапеност на политичките партии во Советот.

Советот го сочинуваат претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.
Изборот на членовите на Советот се уредува со Закон. Бројот на членовите на Советот се утврдува во зависност од бројот на жителите во Општината и не може да биде помал од 9 (девет) члена ниту поголем од 33 (триесет и три ) члена.
Советот на Општина Штип го сочинуваат 23 (дваесет и три) членови на Советот во согласност со бројот на жителите во Општината.
Членовите на Советот се избираат за време од четири години.
Членовите на Советот ги претставуваат граѓаните и во Советот одлучуваат по свое уверување. Членот на Советот не може да биде отповикан.
Советот избира председател од редот на членовите на Советот со мандат од четири години.

Претседателот на Советот ги има следните обврски: Ги свикува и раководи со Седниците на Советот, се грижи за организацијата и работата на Советот, ги потпишува прописите што ги донел Советот и во рок од три дена од денот на нивното донесување ги доставува на градоначалникот заради објавување.

Дневен ред на четириесет и четврта седница на Советот на Општина Штип 11. март 2024 година