Стартува масовната вакцинација – Штип ќе биде еден од регионалните центри во државата

Во Штип почнува вакцинацијата за граѓаните од Источниот и струмичкиот регион. Денеска Градоначалникот на Општина Штип ја посети салата “Јордан Мијалков” каде ќе се вакцинира населението. Општина Штип ќе пружи логистичка подршка. Во салата ќе има 22 кабини за вакцинација, 80 столчиња за опсервација после вакцинација, 3 болнички кревети за итна медицинска помош и персонал.…

Пристапна патека и паркинг на ул. 5та Партиска во населба Сењак

Јавното претпријатие Стипион заврши уште една пристапна патека и паркинг на ул. 5та Партиска во наслебата Сењак. Се грижиме и продолжуваме со решавање на проблемите на граѓаните.

Средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина Н.Е Драган Јаќимовиќ

Денеска во Штип го пречекавме амабасадорот на Босна и Херцеговина Н.Е. Драган Јаќимовиќ. Се разговараше за интензивирање на соработката во разни области, фокусот на средбата беше за економијата, образованието и туризмот. Од взаемен интерес е збратимување на Штип со некој од градовите во Босна и Херцеговина.

Средба со граѓаните од УЗ Васил Доганџиски

Градоначалникот на средба со граѓаните од УЗ Васил Доганџиски. Најавуваме целосна реконструкција на улицата Личка и реконструкција на улицата Васил Доганџиски. Во изработка е проектната документација за улиците Борко Талев и Цветан Димов.

Одбележување на светскиот ден на уметноста

Денеска го одбележавме светскиот ден на уметноста со ликовна изложба во културниот дом “Ацо Шопов” по сите протоколи. Штип е и ќе остане еден од центрите на културата и уметноста и носител на авангардните случувања не само во источниот регион, туку воопшто во Македонија.Во овој  културен дом се случиле серија културно – уметнички настани, од настапи на великани како Симон Трпчевски, Стефан Миленковиќ и многу други. Ова до пред пандемијата беше и ќе остане дом на нашиот Макфест.

Нови инвестиции и капитални вложувања во ООУ „Димитар Влахов“

Капитално заокружување на инвестициите во ООУ Димитар Влахов. Комплетно реновирање на уличишниот двор со вградување на бекатон плочки и нови жардињери. Хортикултурно уредување на училишниот двор со нови зимзелени садници и цвеќиња, нови клупи и изградба на летна училница. Претходно во ова училиште, во неколку наврати инвестиравме во нов котел за парно греење, реновирање на…

Реакција на прес-конференција на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Штип станува модерен град. Дека меѓу приоритети на градот е чиста околина, чист град, нешто што во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, беше незамисливо. Акцијата за отстранување на хаварисани возила, гаражи, шупи е најавена одамна и дека таа се однесува за сите, без исклучок.…

Средба со граѓани во Караорман

Денеска Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов ја посети урбаната заедница Караорман. Се разговараше за главните проблеми и предизвици со кои се соочуваат жителите на Караорман. Овде најавуваме нова градежна офанзива, започнуваме со асфалтирање на три улици во Караорман и изградба на тротоар на главната улица.

Известување за преземената акција за отстранување на гаражи

Поради преземената акција од страна на Општина Штип за отстранување на сите неовластено поставени објекти (гаражи, голубарници, шупи и други слични објекти) на јавна површина, упатуваме апел до граѓаните на општината за навремено и целосно отстранување на овие објекти, доколку претходно се известени со опомена во рок од 15 дена од комунална инспекција при Општина…

Банка за храна наскоро отвора филијала и во Штип

Денеска Градоначалникот Д-р Сашко Николов потпиша меморандум за соработка помеѓу Општина Штип, Солидарниот фонд и Банка за храна. Банката за храна ги прибира вишоците на храна од операторите (ресторани, маркети) и ги дистрибуира до лицата со социјален ризик. Оваа банка ќе отвори филијала и во Штип. Околу 80 социјално ранливи семејства секојдневно ќе добиваат помош…