Одделението за администрирање на приходи ги врши следните работи:

  • утврдување на даноците, таксите и надоместоците кои се приход на општината;
  • утврдување наплатата на данок на подарок и наследство на имот;
  • утврдување на пазарна вредност на недвижностите во општината;
  • водење регистар на недвижен имот;
  • изготвување решенија за даночно ослободување;
  • други работи врз основа на Законот за данок на имот, Законот за комунални такси и надоместоци и другите закони и прописи со кои се уредуваат изворите на приходи на општината.