Одделението за урбанизам, градежништво, станбени работи и заштита на животната средина ги врши следните работи:

  • уредување на просторот;
  • спроведување на планската документација;
  • стручно следење на степенот на реализација на урбанистичките планови и покренување иницијативи за нивно изменување и дополнување;
  • издавање на локациски услови и одобренија за градба на објекти од локално значење утврдени со закон;
  • ги следи и планира потребите за домување на подрачјето на Општина Штип, согласно Законот за домување;
  • предлага годишна програма и превзема мерки и активности за нејзина реализација, во согласност на Законот за домување;
  • донесува мерки за спречување од загадување на животната средина и просторот;
  • води постапка за издавање на интегрирани дозволи и спроведување на законите од областа на животната средина;
  • врши и други работи кои ќе му бидат доверени во негова надлежност.