Посета на амбасадорката на Кралството Шведска Н.Е Кристин Форсгрен Бенгстон

За прв пат во Штип ја пречекавме амбасадорката на Кралството Шведска Н.Е. Кристен Форсгрен Бенгстон. Фокусот на средбата беше за екологијата, заштитата на животната средина и енергетската ефикасност, Шведска е светол пример за градење на вистински вредности. Градоначалникот Д-р Сашко Николов истакна: ” Со амбасадорката имав пријатен и конструктивен разговор. Шведска е земја од која…

Запознавање на општините со процесот на формирање и реструктурирање на локалните младински совети

Денес се одржа „ЗООМ“ работен состанок во организација на Агенцијата за млади и спорт и стратешкиот партнер – Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Запознавање на општините со процесот на формирање и реструктурирање на локалните младински совети, чекорите и статутарните измени, согласно Законот за младинско учество и младински политики. Од страна на претставниците на Општина Штип…

Состанок на општински кризен штаб

На ден 20.03.2021 година се одржа координативен состанок на општинскиот кризен штаб за заштита и спасување при Општина Штип. На овој состанок се разговараше и анализираше актуелната состојба со Ковид-19 кризата на локално ниво, како и превземање на мерки важни за заштита на граѓаните. Општинскиот штаб за заштита и спасувње ги донесе следните заклучоци: –        Состојбата…

70 домаќинства од Чардаклија ќе добијат чиста и здрава вода за пиење

Околу 70 домаќинства од Чардаклија ќе добијат чиста и здрава вода за пиење, а исто така се создадени услови за приклучување на деловните објекти кои се сместени во индустриската зона “Македонка”, индустриските објекти на “Витаминка” и “Чукоил” и работна зона “Балканска”. Јавното претпријатие Исар и Општина тип инвестираа во: Главниот доводен цевковод К1 изведен со…

Асфалтирање на дел од локалниот пат с. Кошево – с. Почивало

Започна изградбата на дел од локалниот пат с.Кошево – с. Почивало. Денеска се асфалтирани 500 метри, а работите за целосна изградба продолжуваат. Оваа инвестиција во вредност од 2,6 милиони денари е заедничка на Агенцијата за финансиска подршка за земјоделство и рурален развој и општина Штип. Продолжуваме понатаму со капитални инвестиции и вложувања во инфраструктурата кои…

Делење на бесплатни заштитни маски

Општина Штип започна со делење на бесплатни заштитни маски за граѓаните. Оваа активност беше најавена од страна на Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов и извршниот директор на Солидарниот фонд на Општина Штип, Борис Шарковски. Почнувајки од денес од центарот на градот, волонтери од Општина Штип секојдневно ќе бидат на терен и ќе делат…

Ја одбележуваме 78 годишнината од депортирањето на штипските Евреи

Ја одбележавме 78 годишнината од депортирањето на штипските Евреи. По тој повод делегација од Општина Штип, претседателката на Совет на Општина Штип, Марјана Рогожарска Поповска, советници, сојузот на борците, АРМ, здружение на пензионери и претставници од Евреите положија цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и еврејските гробишта во Штип. Претседателката на Совет на Општина Штип…

Започнуваме со заловување на кучиња скитници

Кучињата скитници се заловуваат од страна на ветеринарната станица во присуство на Здружение за заштита на животни “Живот” – ШТИП, кучињата скитници се згрижени во прифатилиштето кај Новакова Чешма. Подоцна откако ќе бидат лабораториски испитани, стерилизирани, вакцинирани и чипорани со микро-чип, истите ќе бидат понудени за вдомување.

Започнуваме со асфалтирање на улици во централното градско подрачје

Започнуваме градежните активности на дел од улиците “Ванчо Прке” и “Јосиф Ковачев” во централното градско подрачје. Се очекува градежните активности на овие две улици да завршат до крајот на оваа недела.