Одделението за административна поддршка на градоначалникот ги врши следните работи:

  • ги средува и чува сите писмени акти за потребите на градоначалникот;
  • закажува и води потсетник за закажани состаноци и средби на градоначалникот;
  • врши прием на доставените писмени материјали, ги проследува до градоначалникот и надлежните одделенија и сектори;
  • ги координира и соработува со одделенијата во подготвување на јавни настапи и односи со медиумите;
  • ги пренесува сите соопштенија до јавноста и медиумите по задача на градоначалникот;
  • води грижа за комуникацијата на странки кај градоначалникот;
  • ги организира и подготвува состаноците кај градоначалникот;
  • организира протоколарни приеми, посети, средби и состаноци кај градона-чалникот и претседателот на советот;
  • организира одбележување на државни и општински празници, значајни настани и личности во општината;
  • врши подготовка и ги организира службените патувања на градоначалникот во земјата и странство.