Со нова посветена акција до позелен град

Благодарение на општествено одговорни компании, денес продолживме со пошумување и раззеленување на неколку голи површини во Штип. Вработените од ЈП Исар заедно со нашите сограѓани засадија 1300 садници “Американски чемпрес”. Само на овој начин заедно можеме да придонесеме кон почист воздух во нашиот град и подигнување на јавната свест за подобра животната средина.

Жителите на населба Пребег ќе добијат ново спортско рекреативно игралиште

За првпат после 30 години, жителите на населба Пребег ќе добијат ново спортско рекреативно игралиште на кое ќе биде поставена специјализирана вештачка трева за мал фудбал. Игралиштето ќе биде целосно оградено со заштитна ограда и целосно осветлено, заради подобра функционалност и безбедност во вечерните часови. Ова катче ќе биде збогатено со детски содржини за најмалите…