Секторот за правно нормативни работи, информирање и услуги, информатичка поддршка и општи работи ги врши следните работи:

  • подготвува акти за советот и градоначалникот;
  • ги подготвува седниците на советот и седниците на неговите комисии и други работни тела;
  • врши стручни работи за советот и градоначалникот;
  • ракува со документите на општината и ги чува се до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Македонија;
  • врши информатичко-технички работи;
  • се грижи за техничко и функционално одржување на административните простории.
  1. Одделение за правно нормативни работи, јавни набавки и поддршка на градоначалникот и советот
  2. Одделение за услуги и информирање на граѓаните
  3. Одделение за информатичка поддршка
  4. Одделение за општи работи