Одделението за рурален развој ги врши следните работи:

  • изготвување планови за локален рурален развој;
  • изготвување на одлуки и други општи и конкретни акти од надлежност на советот и градоначалникот, од областа на руралниот развој;
  • иницира утврдување  на развојни и структурни приоритети, како и основи и мерки за водење на локална рурална политика на општината;
  • овозможува услови за подршка на претприемништвото во земјоделието, сточарството, шумарството, водоснабдување и развој на локална агроберза;
  • го следи извршувањето на плановите и предлага мерки за нивно остварување;
  • обезбедува документациона база на податоци за потребите на планирањето на руралниот развој;
  • изработка на бази на податоци за потребите на општината од оваа област;
  • ги следи активностите на невладините организации и иницира и координира соработка со нив;
  • врши и други работи што ќе  бидат ставени во негова надлежност.