Чествување по повод 150 години од раѓањето на идеологот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев

Денес ги чествуваме сто и педесетте години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, првоапостолот на македонското ослободително движење и срцето на македонската ослободителна револуција. Во една прилика Делчев ќе истакне: -Може ли да има друго место за еден Македонец освен Македонија? – Има ли понесреќен народ од Македонскиот? -Има ли некаде пошироко поле за работа отколку Македонија? И денес важи истиот одговор: нашето минато, нашата сегашност, нашата иднина и нашата судба е Македонија!

Теренска активност за чистење на снежни наноси

Експресно, со механизација за одржување на улиците во зимски услови, Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов направи увид на улиците во Општината,со цел да се обезбеди безбедни услови за возачите и сите наши граѓани. Јавните претпријатија во текот на ноќта ќе бидат на терен и ќе овозможат снегот да не биде пречка во текот на утрешниот ден!

Прес конференција за капитални инвестиции во нашиот град

Денес Градоначалникот Иван Јорданов одржа прес конференција на која истакна дека: Оваа година ќе направиме историски исчекор во висината на капитални инвестиции во нашиот град. И покрај огромните долгови на ЈП Исар, енергетската криза и ограниченоста на годишниот буџет на општина Штип, сепак, нивото на инвестиции успеавме да го проектираме на неверојатни 37% од вкупниот…

Посета на тренинг на КК „Соколи“

Градоначалникот на Општина Штип, денес имаше можност да проследи тренинг на КК Соколи, каде што помина квалитетно време со легендите и младите надежи на кошарката во Штип. Понекогаш, за постигнување на големи резултати, не е клучна само материјалната и финансиска поддршка, туку дадената морална поткрепа.

Спортист на годината за 2021 година

Во организација на општина Штип и Комисијата за спорт беа доделени признанија на најдобрите и најистакнати спортисти. Признанија добија голем број на пионири, кадети, младинци, сениори, тренери и спортски работници кои несебично го вложуваат целиот свој труд во спортот и во неговото издигнување на највисоко ниво. За спортист на годината на град Штип е избран…

Посета на Средното Општинско училиште “Јане Сандански”

При денешната посета на СОУ “Јане Сандански” , Градоначалникот на Општина Штип,Иван Јорданов, истакна дека неговата визија е секое училиште да има модерни услови за престој на учениците. Во СОУ “Јане Сандански” имаше можност да се запознае со тековните проекти, а со директорката на оваа институција да поразговара за идејата за современ образовен процес. Во…

Одбележување на празникот Богојавление Водици

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, денес присуствуваше на фрлањето на светиот крст во водите на реката Брегалница, каде што на сите граѓани им посака  среќа и благосостојба во годината што нѐ очекува, радост и исполнети желби, успеси и остварени очекувања. Бог се јави! Навистина се јави!

Посета на Средно општинско училиште Гимназијата “Славчо Стојменски”

Градоначалникот Иван Јорданов обиколката низ средните општински училишта во Општина Штип ја започна со Гимназијата “Славчо Стојменски”, каде во текот на зимскиот распуст на учениците, се врши реконструкција на дел од училиштето. Овој проект во износ од 1.800.000 денари е инфраструктурен потег, преку кој индиректно и позитивно влијаеме на наставно-образовниот процес и резултатите на учениците.

Проект „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“

Во рамките на Проектот „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“ изработени се неколку промотивни видеа кои треба да придонесат за зајакнување на свеста на граѓаните за што помасовно селектирање на стаклената амбалажа и нејзино исфрлање во контејнерите (зелените ѕвона) што беа обезбедени токму за таа намена, преку овој Проект. Овој Проект…