Одделението за внатрешна ревизија:

  • врши внатрешна ревизија, согласно со закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатени од Мнистерството за финансии;
  • подготвува годишен план за внатрешна ревизија и по одобрувањето од градоначалникот на општината, го обезбедува неговото спроведување и следење;
  • доставува извештаи за извршената внатрешна ревизија до градоначалникот и Советот на општината;
  • подготвува квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;
  • врши оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на градоначалникот на општината за намалување на факторите на ризик;
  • врз основа на анализи од работењето, ја утврдува и оценува економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација;
  • ја следи и проверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;
  • ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите, подзаконските и актите на органите на општината.