Одделението за информатичка поддршка ги врши следните работи:

  • одржување на оперативниот систем, системот на управување со базите на податоци и апликативниот софтвер;
  • спроведува мерки за безбедност и заштита на информативниот систем во општината;
  • спроведува постапка за заштита на преносот на податоците;
  • врши поврзување на нови корисници на компјутерско-комуникациска мрежа;
  • инсталира, проверува и одржува опрема;
  • обезбедува резервни делови и техничка документација;
  • изготвува документација за базите на податоци;
  • врши надзор и одржување на базите на податоци;
  • спроведува постапка за заштита и реконструкција на базите на податоци;
  • дава помош на корисниците на информативниот систем во работата со базите на податоци;
  • врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност.