Фрагменти од историјата на Штип
Штип е град во кој историјата оставила бројни траги. Името Астибо за прв пат го споменува античкиот хроничар Полиенво (3 век пред н.е). Тој пишувал дека во Астибо (денешна Брегалница) е изведувано ритуално капење на пеонските кралеви. Астибо повторно се споменува во Табула Пеуттингемиана (античка карта од 4 век) како населба на патот за Стоби – Пауталија.
Историчарите лоцираат остатоци од Астибо на просторот од денешниот стар дел на градот, на источните падини на ридот Исар и локациите Стар Конак, Тузлијаи Горно Маало. Денес од античката архитектура на градот делумно се сочувани остатоците на градскиот аквадукт во месноста Ќемер, преку кој градот се снабдувал со чиста вода. Населбата егзистира и во доцниот антички и во раниот византиски период, веројатно, под името Стипеон , а во средниот век населбата го добива името Штип.