ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА

Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија денеска 23.02.2021 година објави Јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори. Јавниот конкурс може да го најдете тука:     Пријава: https://www.stat.gov.mk/popis/prijavapopis2021.aspx

Демант на прес-конференција на ВМРО ДПМНЕ

Неупатеноста, и безидејноста на ВМРО ДПМНЕ го достигна дното. Ако само помислите дека го допреле дното, тие одат уште подлабоко. Она што беше ветено од страна на општината за обезбедување на документација за гасификација е целосно реализирано односно обезбедена е целата планска документација врз чија основа треба да започне и реализацијата на овој значаен проект.…

Увид во градежни активности во СОУ „Славчо Стојменски“

Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов изврши увид во градежните активности во СОУ “Славчо Стојманески “. Оваа година во СОУ ” Славчо Стојменски ” од буџетот на Општина Штип се вложени 6.800.000,00 денари, од кои за реконструкција на спортското игралиште во склопот на училиштето се инвестирани 2.800.440,00 денари. Набавени се наставно образовни помагала во…

Потпишување договор за селекција на стаклена амбалажа

Денес Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов потпиша договор во соработка со ГИЗ, Пакомак, ЗЕЛС и ЈП “Исар”. Штип доби 30 нови контејнери за селекција на стаклена амбалажа. Со ова ја зокружуваме бројката од вкупно 90 контејнери што општината ги доби во рамките на регионалниот проект „Управување со отпад од пакување од стакло во…

Конференција – Децентрализација 2.0

Градоначалникот заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, претставници на УСАИД и Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) Штип учествувавме на конференција – Децентрализација 2.0 Клучна е размената на добри практики и искуства помеѓу сите општествени читители. Мислењеата и ставовите од нашите сограѓани се од искличителна важност за општината, граѓаните ни се на…

Предавање за справување со комунален отпад

Денеска Проф. д-р Дејан Мираковски, професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип и меѓународен експерт за заштита на животната средина одржа предавање во општината, кое е од исклучителна важност за справувањето со комуналниот отпад. Во периодот кој следува заедно со повеќе релативни институции ќе одржуваме вакви предавање, трибини, но и обука на кадар се со…

Увид во градежни активности во нас. Три Чешми

Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов денеска изврши увид во градежните активности во нас. “Три Чешми”, кадешто разговараше со тамошните жители. Општина Штип продолжува понатаму со инвестирање во проекти за подобар живот на граѓаните. Инфраструктурата на прво место!

Увид во градежни активности

Градоначалникот денес изврши увид во градежните активности за изградба на локалниот пат с. Шашаварлија – с. Кошево – с. Почивало. Жителите од овие села, конечно за кратко време ќе може да го користат овој пат. Овој локален пат ќе биде изграден по сите стандарди, каде меѓу другото предвидено е изработка на банкина, изработка на земјана канавка за одводнување. Изградбата на делницата е од 500 метри, а средствата во висина од 2.644.950 денари се обезбедени од Бирото за Рамономерен Регионален развој и Општина Штип.

Полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев

Денес Општина Штип ја одбележа 149 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер, апостол и херој, Гоце Делчев. По тој повод  градоначалникот Д-р Сашко Николов заедно со општинска делегација положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Ново Село, пред ректоратот при УГД Штип. Оддаваме почит кон неговите дела и го чествуваме денот на раѓањето на…