Признание за Општина Штип за град на хуманоста за 2019 година

Вчера во Берово на манифестацијата “Најдоброто од истокот” во организација на здружението на новинари, на едно место во ова невообичаено време кое продолжува, а со цел на еден симболичен начин беа оддадени признанија на сите општествени чинители и ентитети кои на свој начин придонесуваат за унапредување на заедницата и регионот. Во последните неколку години, источниот…

Прес конференција во врска со вчерашните случувања во река Брегалница

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски одржа прес конференција во врска со вчерашните случувања со реката Брегалница и со постапувањата на локалната самоуправа, во која ги изнесе следните информации: „Почитувани, Вчерашната слика во коритото на река Брегалница беше загрижувачка и застрашувачка поради очигледното истекување на бела течност во самото корито на река Брегалница. Веднаш…

Прес конференција во врска со актуелната состојба со вирусот Ковид 19

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски одржа прес конференција во врска со актуелната состојба со вирусот Ковид 19 во Штип, во која ги кажа следниве податоци: „Почитувани граѓани, Во моментот во Штип го имаме третиот бран на Ковид 19 којшто го зголемува бројот на новозаразени. Во овој момент во Штипската клиничка болница имаме 50…

Реконструкција на фасада и кров на ООУ „Тошо Арсов“

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорката на ООУ „Тошо Арсов“, Фросина Маџарова извршија увид во започнатите припремни активности за реконструкција на фасадата на целото училиште и во спортската сала и кровот на целото училиште и спортската сала. Се работи за поголема капитална инвестиција која ќе даде нов изглед на училиштето и ќе…

Реконструкција на крстосница со нов кружен тек

Во населбата Сењак со пуштање на мостот и обиколницата се јави потребата од побезбедна крстосница која ќе ја регулира брзината на движење. ”За овие две ипол години ја решаваме седмата крстосница во делот на безбедноста . На крстосницата е монтиран за прв пат монтажен кружен тек, едно ново модерно решение” истакна градоначалникот Бочварски. Општина Штип…

Штип ќе добие модерен градски стадион

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА ги продолжува проектите за обнова и реконструкција на фудбалската инфраструктура во државата. Планот и намерата на Фудбалската федерација на Македонија е средствата од „хет-трик“ програмата на УЕФА, како и други средства од слични фондови на УЕФА и ФИФА, да бидат насочени кон подобрување на условите на стадионите…

Одобрение за изградба на брана на река Отиња

Со задоволство ја информираме јавноста дека денеска Општина Штип го доби одобрението за градење за брана на река Отиња од Министерството за транспорт и врски.  Се исплатеа сите напори и трудот кој го дадовме како општина заедно со тимот на проектанти ,тимот кој работеше на ревизија на овој компленсен проект и тимот кој работеше на…

Oнлајн состанок со претставници од Гласен Текстилец и Хелсиншки комитет

Денес градоначалникот одржа онлајн состанок со Кристина Ампева од Гласен Текстилец, Игор Јадровски од Хелсиншкиот комитет за човекови права, и Симона М. Живкова – локална координаторка на проектот на Хелсиншки комитет за човекови права. Тема на состанокот беше борбата со Ковид-19, за меѓуинституционалната соработка која ја имаме помеѓу Општинскиот и Централниот кризен штаб, но и…

Изградба на нова паркинг платформа во централното градско подрачје

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски извршија увид во почетните работни активности и припреми за изградба на паркинг платформа во централното градско подрачје кај Здравствениот дом „Панче Караѓозов“. Оваа паркинг платформа ќе биде со капацитет од 40 паркинг места и е инвестиција на Министерството за локална самоуправа…

Реконструкција на асфалтна површина кај местото Аргач

Започната е реконструкција на асфалтната површина кај местото Аргач во централното градско подрачје. Се работи за дотраен паркинг простор кадешто едно од барањата на граѓаните беше поставување на нова асфалтна површина. Се работи за 900 метри квадратни асфалтна површина и цена на чинење од околу 408.000 денари. Дополнително во овој дел ќе се пристапи и…