Одделението за сметководство и плаќање ги врши следните работи:

  • следење и примена на законската регулатива од областа на сметководствено, материјално и финансиско работење;
  • секојдневно водење на благајнички работи и трезор;
  • пресметка и исплата на платите на вработените;
  • подготвување на завршна сметка и периодични извештаи за извршувањето на буџетот на општината;
  • подготовка на основните финансиски извештаи (биланс на состојба, биланс на приходите и расходите, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи;
  • сметководствено евидентирање на достасаните обврски и основните средства на општината;
  • исплата по сметководствена документација;
  • подготовка на извештај за планирани и потрошени средства по ставки (споредбен табеларен приказ) согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола.