Нови инвестиции и капитални вложувања во ООУ „Димитар Влахов“

Капитално заокружување на инвестициите во ООУ Димитар Влахов. Комплетно реновирање на уличишниот двор со вградување на бекатон плочки и нови жардињери. Хортикултурно уредување на училишниот двор со нови зимзелени садници и цвеќиња, нови клупи и изградба на летна училница. Претходно во ова училиште, во неколку наврати инвестиравме во нов котел за парно греење, реновирање на…

Реакција на прес-конференција на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Штип станува модерен град. Дека меѓу приоритети на градот е чиста околина, чист град, нешто што во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, беше незамисливо. Акцијата за отстранување на хаварисани возила, гаражи, шупи е најавена одамна и дека таа се однесува за сите, без исклучок.…

Средба со граѓани во Караорман

Денеска Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов ја посети урбаната заедница Караорман. Се разговараше за главните проблеми и предизвици со кои се соочуваат жителите на Караорман. Овде најавуваме нова градежна офанзива, започнуваме со асфалтирање на три улици во Караорман и изградба на тротоар на главната улица.

Известување за преземената акција за отстранување на гаражи

Поради преземената акција од страна на Општина Штип за отстранување на сите неовластено поставени објекти (гаражи, голубарници, шупи и други слични објекти) на јавна површина, упатуваме апел до граѓаните на општината за навремено и целосно отстранување на овие објекти, доколку претходно се известени со опомена во рок од 15 дена од комунална инспекција при Општина…

Банка за храна наскоро отвора филијала и во Штип

Денеска Градоначалникот Д-р Сашко Николов потпиша меморандум за соработка помеѓу Општина Штип, Солидарниот фонд и Банка за храна. Банката за храна ги прибира вишоците на храна од операторите (ресторани, маркети) и ги дистрибуира до лицата со социјален ризик. Оваа банка ќе отвори филијала и во Штип. Околу 80 социјално ранливи семејства секојдневно ќе добиваат помош…

Посета на амбасадорот на Руската Федерација

Во Штип го пречекавме амбасадорот на Русија, Н.Е Сергеј Александрович Баздникин. Приоритетни теми на разговор беа здравството, образованието и економијата. Русија е голема светска сила од која може да се црпат искуства. Меѓусебна соработка помеѓу Штип и Руската федерација е од големо значење. „Договорот предвидува снабдување со 200.000 дози на вакцината ‘Спутник V’, што е…

Меѓународен ден на Ромите

Денеска, 8-ми април – Меѓународен ден на Ромите. Градоначалникот оствари средба со невладини организации кои се залагаат за подобрување на животот на Ромите во Штип. Од круцијална важност е имплементацијата на Националната стратегија за Роми, која ги опфаќа реалните потреби на Ромите во областите на образованието, домувањето, вработувањето и здравството. Да ставиме стоп на дискриминацијата…

7 април – Светски ден на здравјето

7 април – Светски ден на здравјето, поминува во знакот на пандемијата и на борбата со невидливиот непријател. По повод Меѓународниот ден на здравјето, денеска Градоначлникот на Општина Штип одржа работен состанок со мал дел од здравствените работници, доделивме плакети и признанија на здравствените работници од различни одделенија. Плакети за: Одделение за инфективни болести, одделение за Анестезија, реанимација и интензивна нега. Радиодијагностика, Епидемиологија, одделение за…

Претседателот Пендаровски во посета на Штип

Претседателот Пендсровски денес ја посети модуларната болница во Штип, при што се разговараше за потребата од реформи во здравствениот систем. Градоначалникот го информираше претседателот Пендаровски за состојбата со Ковид 19 во регионот. Ја користиме оваа прилика да испратиме апел до сите граѓани да останат одговорни, да одржуваат дистанца и да не се групираат.