Одделението за уредување на градежно земјиште, регулација и геодетски работи ги врши следните работи:

  • изготвува годишни програми за уредување на градежно земјиште;
  • припрема податоци за тендерска документација за уредување на градежното земјиште;
  • контрола на градежните работи при уредувањето на земјиштето;
  • ја води постапката за обезбедување на потребните согласности и одобренија за уредување на градежното земјиште;
  • ги врши подготвителните работи за изработка на проекти за уредување на градежното земјиште;
  • ги води работите околу испитување на градежното земјиште од геолошки и технички аспект;
  • се грижи за реализацијата на програмата за уредување на градежното земјиште;
  • пресметка за наплата на комуналниот надоместок за градба на објекти;
  • врши и други работи кои ќе му бидат доверени во негова надлежност.