Одделението за меѓународна соработка ги врши следните работи:

  • изготвување планови за регионална и меѓугранична соработка;
  • иницира и развива регионална, меѓугранична и меѓународна соработка;
  • учествува во координирање и водење на меѓународни проекти;
  • изготвување на одлуки и други општи и конкретни акти од надлежност на советот и градоначалникот, од областа на меѓународната соработка;
  • ги следи законските и подзаконски акти од областа на трговијата, занает-чиството, туризам и угостителство и истите ги применува;
  • иницира утврдување  на развојни и структурни приоритети;
  • обезбедува документациона база на податоци за потребите на планирањето и програмирање  на меѓународната соработка;
  • изработка на бази на податоци за потребите на општината;
  • ги следи активностите на невладините организации и иницира и координира соработка со нив;
  • ја следи состојбата, предлага мерки  за нејзино  унапредување;
  • врши и други работи што ќе  бидат ставени во негова надлежност со акт на советот или градоначалникот на општината.