Населба Македонка ќе добие чиста и здрава вода за пиење

Уште едно ветување, станува реалност. Жителите на населба Македонка конечно ќе добијат здрава вода за пиење. Со средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски, жителите на населба Македонка конечно ќе добијат здрава вода за пиење, односно ќе бидат приклучени на градскиот водоснабдителен систем. Општина Штип во изминатиот период од сопствени сретсва инвестираше во реализација…

Штип добива најмодерна технологија за пречистување на водата за пиење

Штип добива најмодерна технологија за пречистување на водата за пиење. Од денешната работна средба во просториите на ЈП ХС „Злетовица“. На покана на претставниците од јавното претпријатие се одржа работна средба за да се договори во детали динамиката за поврзување на новата филтер станица во Штип, која се гради со средства добиени од владата на…

Пуштен во употреба експресниот пат Штип – Радовиш

Пуштен е експресниот пат Штип – Радовиш во употреба.   Градоначалникот Д-р Сашко Николов, заедно со премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и шефот на Европската банка за обнова и развој за Северна Македонија Андри Аранитаси, присуствуваа на отварањето на експресниот пат.…

Средба на амбасадорот на Австрија, Н.Е. Георг Вуцас со Д-р Сашко Николов

Денес во Општина Штип беше амбасадорот на Австрија, Н.Е. Георг Вуцас. Се разговараше за можноста за инвестирање на австриски компании во нашата општина. Австриските компании се едни од најголемите инвеститори во земјава, затоа денешната посета на амбасадорот во Штип е од исклучително значење. Очекуваме оваа средба да биде само уште еден импулс за понатамошна соработка.

Средба на градоначалникот д-р Сашко Николов со економски советници од МНР

Градоначалникот оствари средба со економските советници при МНР.Ги претставивме погодните услови за странските инвестиции во различни бизнис области, се разговараше за можностите за извоз од страна на компаниите кои веќе работат. Економските советници ги запознавме со можностите и капацитетите за инвестиции и извоз. Сите информации, предлози и идеи произлезени од оваа средба се дел од…

Завршена реконструкцијата на санитарните јазли во СОУ „Јане Сандански“

Завршена е реконструкцијата на санитарните јазли во СОУ Јане Сандански во Штип, набавена е и опрема за смерот Фармација. Продолжуваме со подобрување на условите во нашите училишта, реконструкцијата на санитарните јазли е вредна 2,4 милиони денари и со 265 илјади денари е набавена опрема за потребите на смерот Фармација. Во тек е реконструкција на кабинетот…

Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Денес во Штип се одржа седница на Советот за развој на Источно планскиот регион. Утврдени беа нови приоритети, презентирани можностите за развој на ски туризам на Царев Врв, донесена одлука за назначување на координатор на активностите за развој на ски туризмот и изградба на ски центар Царев Врв – Осоговски планини. Предлог одлука за кофинансирање…

Известување за прскање против комарци

На ден 25.05.2021 год. (Вторник-наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 01 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и…

Средба на одбојкарскиот клуб „Штип УГД“ со градоначалникот д-р Сашко Николов

Денес Градоначалникот Д-р Сашко Николов имаше средба со О.К. Штип УГД, кои ја освоија македонската лига. Искрени честитни до младите штипски одбојкари и целиот стручен штаб. Ви посакуваме многу успеси понатаму.

Ден на пожарникарството и 100 години од постоењето на Противпожарната бригада во Штип

Денес го одбележавме 20 мај ден на пожарникарството и 100 години од постоењето на Противпожарната бригада во Штип. Благодарност до пожарникарите за посветеноста и пожртвуваноста вршејќи ја својата професија. Чекорот кој го направивме за пожарникарите за зголемувањето на бодовите, односно зголемувањето на платите наиде на пофалба. Како општина ќе се залагаме за подобри услови за…