Секторот за финансиски прашања ги врши работите поврзани со:

  • следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално-финансиското работење;
  • управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на општината утврдени со буџетот;
  • подготвување, извршување и известување за извршувањето на буџетот на општината;
  • подготовка на стратешкиот план на општината;
  • измена и дополнување на буџетот и стратешкиот план на општината;
  • контрола на подготовката и извршувањето на буџетот;
  • спроведува ex-ante и ex-post финансиска контрола;
  • изготвување на финансиски план за извршување на буџетот (месечен, квартален и годишен) на општината, органите во состав и единките корисници на буџетот на општината;
  • следење на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на општината;
  • сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот и подготвување на годишна сметка;
  • подготовка за годишен финансиски извештај согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
  • подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација;
  • пресметувањето и исплатата на платите на вработените во општината;
  • утврдувањето и наплатата на даноците, таксите и надоместоците што се приходи на општината;
  • други работи врз основа на Законот за буџетите, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, Законот за даноците на имот, Законот за комунални такси и другите закони и прописи со кои се уредуваат изворите на приходи на општината;
  • врши и други работи од областа на финансиското управување и контрола.

 

  1. Одделение за буџетска координација и контрола, координација и контрола на јавни набавки
  2. Одделение за сметководство и плаќање
  3. Одделение за администрирање на приходи