Одделението за заштита и спасување ги врши следните работи:

  • изготвува локален план за заштита и спасување;
  • предлага мерки за заштита и спасување;
  • ги спроведува мерките за заштита и спасување;
  • врши едукација на кадри во ТППЕ;
  • гаснење на пожари на подрачјето на општината;
  • отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар;
  • спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии;
  • укажување техничка помош при незгоди и опасни ситуации;
  • извршување на други работи при несреќи и непогоди;
  • врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не го оневозможуваат или попречуваат вршењето на функцијата од претходните алинеи на овој став;
  • заедно со територијалните противпожарни единици на општините во РМ утврдени со закон, дејствуваат како противпожарни единици на Република Македонија заради оперативно делување при гаснењето големи пожари на целата територија на Република Македонија;
  • давање помош кога тоа е побарано при гаснење пожари во други држави;
  • водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена методологија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и Општина Штип за тоа;
  • периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна заштита;
  • тековна поправка и одржување на механиката;
  • давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи;
  • врши обука од областа на противпожарната заштита на припадници на АРМ;
  • едукација на граѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања, преку медиуми и организирање на други активности;
  • ги спроведува законските нормативи од областа на управување со кризи на локално ниво;
  • изготвува проценка на ризиците и опасностите на локално ниво;
  • ги утврдува потребите и планира ресурси;
  • изготвува програма за ревитализација на општината по елиминирање на кризата;
  • се грижи за спроведување на одлуките на Владата во врска со справувањето на кризи;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.