Чествување по повод 150 години од раѓањето на идеологот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев
Денес ги чествуваме сто и педесетте години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, првоапостолот на македонското ослободително движење и срцето на македонската ослободителна револуција. Во една прилика Делчев ќе истакне: -Може ли да има друго место за еден Македонец освен Македонија? – Има ли понесреќен народ од Македонскиот? -Има ли некаде пошироко поле за работа отколку Македонија? И денес важи истиот одговор: нашето минато, нашата сегашност, нашата иднина и нашата судба е Македонија!