Посета на Средно општинско училиште Гимназијата “Славчо Стојменски”

Градоначалникот Иван Јорданов обиколката низ средните општински училишта во Општина Штип ја започна со Гимназијата “Славчо Стојменски”, каде во текот на зимскиот распуст на учениците, се врши реконструкција на дел од училиштето. Овој проект во износ од 1.800.000 денари е инфраструктурен потег, преку кој индиректно и позитивно влијаеме на наставно-образовниот процес и резултатите на учениците.