Општина Штип со силна динамика ја продолжува пролетната градежна офанзива!

Деновиве беше завршено асфалтирањето на дел од ул. Астибо. Во наредниот период интензивно ќе се пристапи кон подобрување на инфраструктурните услови во сите населени места во нашиот град.

Општина Штип продолжува со најавените проекти во инфраструктурата и нивна реализација во секоја населба на нашиот град

Денес жителите на населба “Баби” добија реконструирана улица со поставување на нов асфалт на ул.Руен од 1250м2, во вредност од 854.762,00 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Штип.