Реконструкција на тротоарите на влезот од градот на ул.”Партизанска”

Според планираната динамика, денес беше започната реконструкција на тротоарите на влезот од градот на ул.”Партизанска”. Како што беше и најавено, Општина Штип продолжува интензивно да работи на изградба и реконструкција на нови пешачки површини, кои ќе обезбедат слободно и безбедно движење на пешаците!