Светски ден на ретките болести

Овие денови зградата на Општина Штип е обоена во име на сите лица со ретки болести. Во соработка со ПКУ Херои го обележуваме 28 Февруари, Светскиот ден на ретките болести и со низа на активности, сакаме да ја зајакнеме свеста и сензитивноста на заедницата во насока на еднаквост и прифаќање на различностите.