Средба со младите фудбалери на Академијата Постолов – Пандев

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов оствари средба со најмладите надежни фудбалери на Академијата Постолов – Пандев по повод освојувањето на прво место на турнирот, кој се одигра во Сандански, Република Бугарија. Градоначалникот посебно се гордее на вакви млади генерации, кои уште од мали несебично и амбициозно се вложуваат во спортот.

Обновени зелените насади на првиот опфат од конзолата на улица „Васил Главинов“

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов заедно со Директорот на ЈП Исар засадија дрвја на првиот опфат од конзолата на ул. Васил Главинов. Ветивме дека за секое паднато дрво поради градежните активности, ќе обезбедиме нови дваесет, а наредниот период во секоја населба ќе ја обновиме вегетацијата, затоа што мораме да се однесуваме кон природата со…

Меморандум за соработка меѓу Општина Штип и Правната клиника на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев” Штип

Денес градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов и Правната клиника на Правниот факултет при Универзитет “Гоце Делчев”-Штип потпишаа Меморандум за соработка. Со потпишување на овој меморандум, се воспоставува соработка со цел меѓусебна координација, планирање на активности и нивна реализација. Преку нивна реализација ќе се обезбеди бесплатна правна помош, како и промовирање на полесен пристап до…