Чиста и зелена околина е должност на секој еден

Здрава, чиста и зелена околина е должност на секој еден! Со максимална поддршка и со заеднички сили Општина Штип заедно со ЈП Исар, како и со помош од нашите пријатели од градежните претпријатија, успеавме да ја исчистиме депонијата во Штип! Завршен е тендерот за обезбедување на депонијата и започнуваме со оградување! Ќе се воспостави контрола…

Асфалтирани улици во населба Баби

Штип се гради и заслужено го носи приматот центар на источна Македонија. Тоа што го ветуваме го реализираме – градиме и рехабилитираме улици заборавени со децении. Во населба Баби, извршивме рехабилитација на улица 6ти Април, 11ти Конгрес, Богомилска и Делчевска. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 2.196.216,00 денари. Во населбата изградивме и тротоар на улица Лески.

Посета на рудникот Боров Дол

Градоначалникот имаше чест да се вози во дампер. Со задоволство присуствуваше на работната средба заедно со директорот Павло Кривинскиј и раководството на рудникот Боров Дол. Во Боров Дол се врши експлоатација и обработка на рудата, која што преку транспортна лента долга 7км се пренесува до рудникот Бучим на понатамошна доработка, каде што се врши повторно…

Средба со градоначалникот на Мармарис во Турција

На покана на Градоначалникот на Мармарис Мехмет Октаи, Градоначалникот Д-р Сашко Николов оствари средба во неговиот кабинет. Мехмет е млад и амбициозен градоначалник во регионот Мугла, со Градоначалникот Д-р Сашко Николов го делат истото мислење, иста цел, цел која ќе овозможи нашите граѓани да учестуваат во политиките кои ги креираат овие градоначалници. Сведоцни сме дека…

Отворен долго очекуваниот аква парк

Го отворивме долго очекуваниот аква парк “АКВАБЕЛА РЕСОРТ” во Штип. Градоначалникот Д-р Сашко Николов присуствуваше на отварањето на аква паркот, заедно со сопственикот Љупчо Манџуков. Освен водените спортски активности, ресортот располага со кошаркарски, одбојкарски и тениски терени, детски катчиња и многу други содржини за рекреација и спортување. Заедно со бизнис секторот продолжуваме со развој на Штип,…

Средба со ученици од невладината организација „Центар за грашанска иницијатива“ Прилеп

Градоначалникот имаше средба со ученици од невладината организација  “Центар за граѓанска иницијатива” Прилеп. Договорен проект, подржан од ifa/Zivik, програма во склоп на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Јакнење на малцинствата и специфични групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедница, втора фаза. Во рамките на овој проект е вклучено…

Средба со жителите на населбата Пребег

Денес Градоначалникот Д-р Сашко Николов имаше средба со граѓаните од населба Пребег. Се разговараше за проблемите со кои се соочуваат нашите сограѓани. Во моментов вршиме промена на водоводната линија на улиците Славонска Пожега и Скоевска, со што следи и асфалтирање на улиците.

Населба Македонка ќе добие чиста и здрава вода за пиење

Уште едно ветување, станува реалност. Жителите на населба Македонка конечно ќе добијат здрава вода за пиење. Со средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски, жителите на населба Македонка конечно ќе добијат здрава вода за пиење, односно ќе бидат приклучени на градскиот водоснабдителен систем. Општина Штип во изминатиот период од сопствени сретсва инвестираше во реализација…

Штип добива најмодерна технологија за пречистување на водата за пиење

Штип добива најмодерна технологија за пречистување на водата за пиење. Од денешната работна средба во просториите на ЈП ХС „Злетовица“. На покана на претставниците од јавното претпријатие се одржа работна средба за да се договори во детали динамиката за поврзување на новата филтер станица во Штип, која се гради со средства добиени од владата на…

Пуштен во употреба експресниот пат Штип – Радовиш

Пуштен е експресниот пат Штип – Радовиш во употреба.   Градоначалникот Д-р Сашко Николов, заедно со премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и шефот на Европската банка за обнова и развој за Северна Македонија Андри Аранитаси, присуствуваа на отварањето на експресниот пат.…