Текстилијада 7

Денес официјално ја отворивме Текстилијада 7 со откривање на уметничкото дело “Корени на традицијата”, заедно со Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, Амбасадорката на Шведска во Македонија, Н.Е. Г-ѓа Ами Ларсон Јаин, Кристина Ампева, Гласен Текстилец и присуствуваме на Интернационалниот форум на тема ”Презентација на падот и подемот на текстилната индустрија во градот Борос”, каде…

Свечена академија по повод 5-ти Октомври – Светскиот ден на учителот

Во организација на Општина Штип се одржа Свечена академија по повод 5-ти Октомври-Светскиот ден на учителот. На предлог на колективите во градинките, основните и средните училишта, денес беа доделени признанија и вредносни ваучери на просветни работници, кои со својата работа и лична заложба имаат особен придонес во воспитно-образовната дејност. Нека е честит денот на учителите!…

Општина Штип продолжува со градежната офанзива

Влезовите на неколку станбени згради во населбата Автокоманда по пауза од 45 години денес добија нов асфалт. Општина Штип продолжува со градежната офанзива и во наредните денови во останатите населби од нашиот град.

Партерно и хортикултурно уредување на запоставен терен во населба Леваци

Општина Штип продолжува со партерно и хортикултурно уредување на запоставен терен во населба Леваци на ул. ,,Христијан Карпош” со нови павер елементи, осветлување и урбана опрема. Овој проект е во вредност од 900.000 денари, сретства обезбедени од Буџет на Општина Штип. Со ваква динамична реализација на ветените проекти ќе се продолжи и во наредниот период…

Во населба Пребег беше отворен повеќенаменски центар за сите генерации

Во населба Пребег денес беше отворен повеќенаменски центар за сите генерации. Оваа рекреативна содржина ќе стане ново место за игри, дружење и забава, затоа што составен дел на истото се фудбалско игралиште со вештачка трева, баскет игралиште, детски и спортски реквизити и многу урбана опрема, каде децата, младите и повозрасните ќе се дружат во текот…

Првенците на генeрацијата

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денес се запозна со “Првенците на генeрацијата”, откако нашата општина за прв пат воведе финансиска поддршка за учениците кои постигнуваат резултати, нижат награди и признанија. Од оваа учебна година се доделуваат награди и стипендии во износ од 400.000 денари, за учениците кои врз основа на своето залагање и постигнатите…

Денес во центарот на Штип се подигна споменик на Светите браќа Кирил и Методиј

Денес во центарот на Штип се подигна споменик на Светите браќа Кирил и Методиј на местото каде што пред 70 години се наоѓало најстарото основно училиште во Штип, кое го носело името на просветителите. По повод Денот на сесловенските просветители, Советот на Општина Штип одржа и свечена академија во чест на браќа Кирил и Методиј.

Општина Штип обезбеди финансиски средства за реконструкција на кровот на клон Развигорче

Општина Штип обезбеди финансиски средства за реконструкција на кровот на клон Развигорче, а истиот објект ќе стане и енергетски ефикасен, на кој со поставување на сончеви панели на кровот, ќе се генерира електрична енергија за потребите на градинката. Грижата за најмладите ни е секогаш на прво место, затоа посветено работиме во интерес на нив!

Дом на млади со ново руво по цели 33 години!

Летната тераса е целосно реконструирана, а легендрната група “Леб и сол“ вечерва со концерт и официјално ќе ја отвори летната сезона, музички концерт на кој ќе ги одсвират своите најголеми хитови. Дом на млади е институција која низ времето оставила белег на овој град, а ние како локална самоуправа имаме за цел да го вратиме…

Општина Штип успешно го заврши Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

Општина Штип успешно го заврши Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, финансиран од УСАИД и доби признание како една од најуспешните во Македонија во делот на зголемување на приходите и извршување на буџетот.