Увид во градежните активности за изградба и уредување на новото спортско рекреативно игралиште во населба Сењак 4

Денеска беше извршен увид во градежните активности за изградба и уредување на новото спортско рекреативно игралиште во населба Сењак 4. Со реализирање на вакви проекти секоја населба ќе има соодветни места за спортување и рекреација на сите генерации.  

Повеќенаменски парк во населба 8ми Ноември

Жителите на населба 8ми Ноември денеска добија нов повеќенаменски парк. Паркот е целосно ограден и осветлен со поставена вештачка трева за мал фудбал, специјализирана подлога за баскет, летниковеци и останати детски реквизити. Овој проект е во вредност од 1.500.000,00 денари, средства обезбедени од Буџет на Општина Штип. Со градежни активности започнуваме и во други населби…

Градежни активности за целосна реконструкција на тоалетите во СОУ „Коле Нехтенин”

Веќе се отпочнати градежните активности за целосна реконструкција на тоалетите во СОУ “Коле Нехтенин”. Комплетно е променета водоводната и канализационата мрежа, поставени се нови санитарни плочки, извршена е промена на целокупната електрична инсталација, поставени се нови санитарни елементи, како и целосна реконструкција на подот, ѕидовите и плафонот. Со ваквите проекти значително ќе се подобрат условите…

Зголемување на семејството на жители во ЗОО паркот Бриони

Штипјани од денеска ќе имаат причина повеќе да го посетат ЗОО паркот Бриони. Продолжуваме и во наредниот период со зголемување на семејството на жители во ЗОО паркот Бриони.                                                       …

Средба со Амбасадорот на Франција во Македонија Сирил Бомгартнер

На вчерашната средба со Н.Е. Амбасадорот на Франција во Македонија Сирил Бомгартнер, ги потврдивме нашите заложби за соработка и заедничка реализација на поставените цели. Економскиот развој, образованието, културното наследство и добрите меѓусебни односи беа во фокус на нашиот продуктивен разговор. Овој состанок ни даде добра основа за продлабочување на меѓусебните релации и активна комуникација за…

Промена на водоводна и канализациона подземна мрежа на улиците „Солидарност“, „Браќа Даневи“ и „5ти Конгрес“

Во Штип за првпат етапно се изврши промена на водоводна и канализациона подземна мрежа на ул. “Солидарност”, “Браќа Даневи” и “5ти Конгрес”, па од денес се започна со припрема за асфалтирање. Откако ќе се истрасираат и подготват сите три улици, ќе се пристапи кон нанесување на првиот асфалтен слој во согласност со временските услови. Секоја…

Присуство на претставник на Општина Штип на Седмата конференција во рамки на проектот SPRING – Solidarity in Progress

Во периодот од 20 до 23 септември 2022 година,еден  претставник од Општина Штип учествуваа на Седмата Конференција во  градот Динге Лес Баинс, Република Франција, која се одржа во рамки на проектот Spring  – solidarity in progress , финансиски поддржан од Европската Унија. Во проектот учесучествуваат  7 држави: Италија, Полска, Македонија, Германија, Шпанија, Бугарија и Франција.…

Шаховската федерација го промовира шахот како изборна активност во основните училишта

На 13.09.2022 во салата на Општина Штип се одржа обука за првата група од 15 наставници од основните училишта во Штип кои покажаа интерес да научат како да предаваат шах на децата од почетните одделенија во основните училишта. Целта е да се промовира шахот кај најмладите и да се поттикнат родителите и децата да одберат…

Во Штип одржана Меѓународна конференција на тема: „Здравствениот систем на локално и национално ниво за време на Ковид – пандемијата“

Општина Штип е учесник  во  Проектот „Спринг“- солидарност и соработка како заеднички вредности“  кој е финансиски поддржан од ЕУ. Целта на проектот е размена на искуства и добри практики за време на кризни состојби. Во проектот се вклучени 7 европски држави: Италија, Франција, Шпанија, Бугарија, Полска, Германија и РС Македонија. До сега се одржани четири…

Штип продолжува со изградба на конзоли на река Отиња (ФОТО)

Општина Штип продолжува со изградба на конзоли на река Отиња и проширување на ул.Васил Главинов. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов изјави дека денес надлежните екипи се на терен со цел отпочнување со градежни активности на потегот од гимназијата „Славчо Стојменски” до основното училиште ,,Ванчо Прќе”. Нашата цел е проширување на двете најпрометни улици во централното…