Состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Денеска на 10.03.2021 г. со почеток од 12:00 часот се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување, присутни беа началникот Никола Тушев, помошник на началникот за згрижување и евакуација, Сашо Протогеров, помошник на началникот за заштита и спасување, Тони Атансаов, помошник на началникот за заштита и спасување од поплави, Живко Тасев, извршител администратор, Александар…

Отстранување на рампи за паркинг без дозвола

Поради узурпирање на јавна површина со поставување на рампи за паркинг без дозвола, по налог на комунален инспектор е пробиен рокот од 7 дена даден за нивно отстранување. Рампите за паркинг се отстрануваат од страна на ЈП “Стипион”.

Во завршна фаза е новиот експресен пат А3 Штип – Кочани со вкупна должина од 28 км

Со задоволство најавуваме дека во завршна фазе е новиот експресен пат А3 Штип – Кочани со вкупна должина од 28 км. Завршена е првата фаза од експресниот пат Штип – Крупиште во должина од 14.30 км. Во завршна фаза е и Крупиште – Кочани во должина од 13.75 км. Капиталните инвестиции се од голема важност…

Средба со друштво на планинарски спортови „Лисец“

Ваквите средби ни се со исклучителна важност, со цел афирмација на планинските спортови! ДПС “Лисец” е организација која ги сплотува сите планински спортови повеќе од 50 години. Во рамки на “Лисец” функционираат неколку спортски клубови како Спортско качување, Спелеологија, Алпинизам, Спортска ориентација, планинарство и планинско трчање.

Чекор кон поефикасна и поголема транспарентност

Дигитализацијата е чекор кон поефикасна и поголема трамспарентност. Денес Градоначалникот на Општина Штип учествуваше на дебата Дигитализирај ме – “Кажи за другите да знаат”. Ја подобруваме комуникацијата меѓу граѓаните и граѓанските организации со општината. Ја обновуваме интернет страната на општината и ја апдејтираме со повеќе вести се со цел граѓаните навремено да бидат информирани. Ќе…

Посета на Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј

Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј на посета во Општина Штип. Се разговараше за проектите кои општината ги реализира од европските фондови, но и за трговската соработка меѓу Велика Британија и Северна Македонија. Во наредниот период  со тимот на амбасадорката Галовеј ќе соработуваме за да се воспостави онлајн форум со компаниите, а со цел да…

ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА

Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија денеска 23.02.2021 година објави Јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори. Јавниот конкурс може да го најдете тука:     Пријава: https://www.stat.gov.mk/popis/prijavapopis2021.aspx

Увид во градежни активности во СОУ „Славчо Стојменски“

Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов изврши увид во градежните активности во СОУ “Славчо Стојманески “. Оваа година во СОУ ” Славчо Стојменски ” од буџетот на Општина Штип се вложени 6.800.000,00 денари, од кои за реконструкција на спортското игралиште во склопот на училиштето се инвестирани 2.800.440,00 денари. Набавени се наставно образовни помагала во…

Потпишување договор за селекција на стаклена амбалажа

Денес Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов потпиша договор во соработка со ГИЗ, Пакомак, ЗЕЛС и ЈП “Исар”. Штип доби 30 нови контејнери за селекција на стаклена амбалажа. Со ова ја зокружуваме бројката од вкупно 90 контејнери што општината ги доби во рамките на регионалниот проект „Управување со отпад од пакување од стакло во…