Со моќната порака “Се бориме за леб, но се бориме и за рози!”, денес со симболичен гест беше одбележан Меѓународниот ден на жената

Со моќната порака “Се бориме за леб, но се бориме и за рози!”, денес со симболичен гест беше одбележан Меѓународниот ден на жената. Заедно со Здружението “Гласен Текстилец”, црпејќи инспирација од почетниот активизам на жените за унапредување на нивниот семеен и професионален живот, на ѕидот во парк К’ртеке беше нацртан мурал. Овој мурал го претстсвува…

ОПШТИНА ШТИП СЕ ДИГИТАЛИЗИРА

Граѓаните на Општина Штип веќе имаат можност за електронски пристап до сите општински услуги, со што преку дигитализирана платформа во секој момент ќе имаат можност да поднесуваат барања до сите одделенија и сектори во рамки на Општина Штип и јавните претпријатија. Преку платформата “М ЗАЕДНИЦА” граѓаните ќе можат да пријавуваат проблем, а потоа преку одговорното…

Прв Форум за образование

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денес присуствуваше на Првиот Форум за образование, а од кој се очекува интензивирање на соработката помеѓу Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, средните училишта и приватниот сектор. Со сплотени сили, веруваме дека ќе им биде овозможено на идните ученици и студенти да имаат подобри услови за унапредување на знаењата, бидејќи…

Уредување на дворните површини во градинките

Нашите градинки се места од каде почнува да се развива естетскиот поглед, квалитетниот развој и моторика кај децата. Затоа се насочивме кон уредување на дворните површини во градинките, со поставување на нови, модерни и интересни содржини, со кои ќе го разубавиме детството на најмалите. Со овој проект отвораме ново поглавје во унапредување на капацитетите за…

Денес во Штип пристигнаа пожарникарите – херои, кои учествуваа во спасувачката мисија во Турција по катастрофалниот земјотрес

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ги пречека и прими во својот кабинет, а воедно им се зблагодари од лично име но и од име на штипјани за нивната пожртвуваност, хуманост и подготвеност да бидат едни од првите пожарникари кои во состав на Републичите сили за заштита и спасување заминаа да помогнат со справувањето на…

Киноверзум кино во Штип почна со подготовките за создавање на најдобро филмско искуство

Киноверзум кино во Штип почна со подготовките за создавање на најдобро филмско искуство. Веќе е нарачана најквалитетната и најсовремената опрема – ласерски проектор Барко од најновата генерација, како и JBL професионално озвучување за кино сали. Киноверзум во Штип ќе го има најголемото платно досега – „3D-ready“, а истото ќе го покрие целиот ѕид на салата,…

Штипските пожарникари заминаа во спасувачка мисија во Турција

Штипските пожарникари заминаа во спасувачка мисија во Турција со цел да се помогне во извлекувањето на настраданите. Спасувачкиот тим од Штип е опремен со најсовремена опрема наменета за посебна спасувачка мисија. Општина Штип нуди целосна поддршка во име на хуманоста и солидарноста на најпогодените подарчја и населени места во Турција, со желба за побрзо враќање…

реконструкција на главна водоводна линија на улица “Петар Поп Арсов”во населба Железничка

Општина Штип продолжува со инвестирање во подземната инфраструктура низ сите населени места во нашиот град. Денес екипите на ЈП Исар започнаа со реконструкција на главна водоводна линија на улица “Петар Поп Арсов”во населба Железничка. Со оваа реконструкција во вкупен износ од 3.800.000 денари, се решава долгогодишниот проблем на жителите со честите дефекти и намалениот притисок…

Општина Штип се вклучува во хуманитарната акција за помош на погодените подрачја од земјотресот во Турција

Пет пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип ќе заминат за Турција. Општината ќе даде финансиска поддршка во име на хуманоста и солидарноста на најпогодените подрачја и населени места во Турција, со цел да се помогне на настраданите и при извлекувањето луѓе кои се под урнатините во подрачјата каде што се случи катастрофалниот земјотрес.…

Градоначалникот Иван Јорданов во посета на о.Врање

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, беше гостин на Свечената академија по повод одбележувањето на Денот на градот и годишнината од ослободувањето на Врање. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на покана на Градоначалникот на Општина Врање, Слободан Миленковиќ, денес беше гостин на Свечената академија по повод одбележувањето на Денот на градот и годишнината од ослободувањето…