#мЗаедница пристигна во Општина Штип Македонија

Отсега, благодарение на оваа дигитална платформа, штипјани ќе имаат можност да бидат директно вклучени во унапредувањето и развојот на својата општина но и да: даваат идеи, предлози и забелешки да аплицираат за субвенции да споделуваат идеи, мислења и сугестии Со помошта на #мЗаедница Штип ќе добие, поефикасна и подостапна локална администрација Апликацијата може да ја…

Општина Штип дел од кампањата 16 дена активизам за борба против родово – базирано насилство

Со Денешниот марш и присуството на голем број на граѓани од невладиниот сектор, советниците од советот на општина Штип, градоначалникот Иван Јорданов , вработени во администрацијата, ученици од средните училишта, претставници на медиумите  Штип  како град  активно се вклучи во  Меѓународната кампањата – 16 дена активизам за борба против родово базирано насилство. Годинава кампањата носи…

Одржана спортска манифестација „Фудбал за сите“

Викендов на 26 ноември во спортската сала на СОУ „Коле Нехтенин“ се одржа забавно рекреативна спортска  манифестација под наслов „Фудбал за сите“ , во организација на Општина Штип и НВО ТАКТ, Фудбалска академија – Фудбал за сите од Скопје, а со помош и поддршка на бизнис секторот и наставниците по физичо образование од петте основни…

После 20 години, Штип и конечно ќе добие кино!

Заедно со Киноверзум, кој прераснува во единствениот македонски ланец на кина ќе го оствариме сонот на штипјани – да имаат можност да следат филмски проекции во сопствениот град. Современата технологија која ќе се инсталира, ќе овозможи прикажување на најновите холивудски и европски филмови во просториите на Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип.

Јапонска донација за ЈЗУ Клиничка Болница Штип

На денешната средба со јапонскиот амбасадор Н.Е. Хиронори Савада ја искажав мојата благодарност за досегашната поддршка и помош од страна на јапонскиот народ за нашата општина, како и можноста за продлабочување на соработката помеѓу двата народи. Благодарение на јапонската амбасада, преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), ЈЗУ Клиничка болница – Штип доби нов…

Подготовки за нанесување на првиот асфалтен слој на улица „Браќа Даневи“

По извршената промена на водоводната и канализациона подземна мрежа на ул. Браќа Даневи, од денес се започна со вадење на постоечката коцка, тампонирање и трасирање на улицата. Во наредните денови ќе се завршат сите припреми за нанесување на првиот асфалтен слој во согласност со временските услови. Населба Автокоманда заслужува да добие модерен, функционален и урбанизиран…

Паркот во населба Баби ќе добие уште неколку нови содржини!

Со финансиски средства од Биро за регионален развој и Општина Штип, ќе реализираме уште едно ветување за оваа населба. Паркот ќе добие нови детски реквизити, фонтана и хортикултурно уредување, а жителите ќе имаат причина повеќе да го минуваат слободното време на отворено!  

Прва седница на Локалниот Совет за превенција

Во текот на денешниот ден се одржа првата седница на Локалниот Совет за превенција. Со претставници од надлежните институции се дискутираше за: – безбедноста во сообраќајот, во насока за надминување на ризикот од сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди и смртни последици, со цел изнаоѓање на заеднички решенија за намалување на вака споменатите незгоди; –…

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов ја презентираше програмата и визијата за нашиот град

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денес ја презентираше програмата и визијата за нашиот град со реализирани над 130 проекти. Изминатите 365 дена беа исполнети со бројни предизвици, но беа надминати благодарение на вербата во успех и потребата да се покаже целокупната одговорност која е дадена од нашите граѓани. Изминатиот период го посветивме на развој…