Продолжува градежната офанзива: Штип добива уредени тротоари и улици

Општина Штип продолжува со работа на тротоарските површини на најпрометните улици во градот. Надлежните екипи уште во раните утрински часови се на терен и работат на уредување на тротоарските површини на најпрометните улици. Штип конечно добива модерен изглед, а во наредниот период, истиот ќе биде комплентиран со уредени тротоари и улици во секое катче од…

Штип „позеленува“: Населба Сењак добива нов парк за најмладите и највозрасните!

Штипската населба Сењак ќе добие нова паркова површина вредна околу од еден милион денари, пари издвоени од буџетот на општината. Станува збор за нов парк со повеќе детски содржини, летниковци, садници, како и монтажен тоалет. „Ова ќе биде ново катче наменето за најмладите и највозрасните. Упатувам апел до нашите граѓани заеднички да го чуваме тоа…

Форумска сесија за ефективна социо-економска интеграција на повратниците

Општина Штип вчера ја одржа форумската сесија во врска со проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците“, во реализација на Општина Штип и во соработка со УНДП. На првата форумска сесија учесниците имаа можност да се запознаат со форумскиот процес и да дискутираат за приоритетните проблеми, а…

Присуство на претставници од Општина Штип на четвртата конференција како дел од проектот Spring – solidarity in progress

Во периодот од 17 до 20 мај 2022 година,тројца  претставници од Општина Штип учествуваа на Четвртата Конференција во  градот Жембице, Република Полска, која се одржа во рамки на проектот Spring  – solidarity in progress , финансиски поддржан од Европската Унија. Во проектот учесучествуваат  7 држави: Италија, Полска, Македонија, Германија, Шпанија, Бугарија и Франција. Целта на…

Донација на лаптоп компјутери за ученици од социјално ранливи семејства

На општина Штип и беа донирани 16 лаптоп компјутери. Донацијата исто така вклучува и обезбедување на обука за дигитална писменост за учениците кои ќе ги користат лаптопите. Целта на донацијата е задоволување на образовните потреби на учениците од социјално ранливи семејства, во процес на дигитализација на образовението. Лаптопите ќе ги користат ученици од социјално ранливи…

Свечен пречек на Европскиот шампион во борење Владимир Егоров

Градоначалникот на Општина Штип, заедно со Боречкиот клуб Балканец организираа свечен пречек на Европскиот шампион во борење Владимир Егоров, кој го освои златниот медал на ЕП во Будимпешта. Ова е голем успех за македонското борење, посебно за град Штип од кој надалеку оддекнуваат познати и успешни борачки имиња кои со многу тренинг, амбиции и љубов…

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот во светски рамки

Секоја година на 2 Април се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот во светски рамки. По повод овој ден, Градоначалникот и Секретарот на Општина Штип, ги посетија аутистичните паралелки при ООУ „Ванчо Прќе“ и Дневниот центар за деца со аутизам и им врачија пригодни подароци, односно наставно образовни помагала. Борбата против дискриминацијата,…

15 години од постоењето на универзитет „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов присуствуваше на настанот организиран од Универзитет “Гоце Делчев” по повод 15 години од неговото основање. Пред положувањето на цвеќе во дворот на ректоратот, Градоначалникот беше гостин во кабинетот на Ректорот Блажо Боев, каде истакна дека преку постојаното осовремување на студиите и создавањето на вистинско знаење, веќе 15 години го…

Работна средба за зголемување на соработката помеѓу локалните чинители и општината за поголема финансиска транспарентност

Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од Finance Think, АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности, Квантум Прима и ЛАГ Агро Лидер во соработка со Општина Штип во рамките на проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” организираше работна средба за зголемување на соработката помеѓу локалните чинители и општината.…