„Нула глад“ – Штип се вклучува во акцијата за донирање на ранливите семејства

Штип се вклучува во акцијата за донирање на ранливите семејства. Денес реализирана е првата акција за донирање на 80 пакети храна и средства за дезинфекција за 80 социјално ранливи семејства. Во иднина ќе организираме исто вакви акции за донирање на храна, на социјално најзагрозените семејства. Ова е прва активност на Банката за храна во Штип,…

Заврши асфалтирањето на улицата „Д-р Слободан Јовановски“

Асфалтирањето на дел од улицата Д-р Слободан Јовановски заврши, улицата е пуштена во употреба. Вкупната вредност на оваа градежна активност е нешто над 540 илјади денари. Изведувач – Премииум Билдинг – Скопје. Значаен сообраќаен проток за нашата касарна и за НАТО баталјонот. Градежниот бум во Штип продолжува.

Средба со граѓани во населба Македонка

Продолжуваме со капитални инвестиции – населбата Македонка конечно ќе биде приклучена на градскиот водовод. Денес градоначалникот оствари средба со жителите на населба Македонка, досега реализиравме многу проекти, а продолжуваме и понатаму. Обезбедени се средствата за изведба на нова водоводна линија со што конечно населбата ќе биде приклучена на градскиот водовод. Во моментов ги чистиме и…

Инвестираме во иднината на нашите најмили

Инвестираме во иднината на нашите најмили – продолжуваме со вложувања во образованието. Започнуваме со реализација на еден од капиталните проекти за училиштето „Гоце Делчев“ во Штип. Со 10 милиони и 700 илјади денари обезбедени преку Министерството за образование започнуваме со реконструкција и поставување енергетско ефикасна фасада во училиштето и 8 милиони денари за санација на кров. Со…

Стартуваше имунизацијата на граѓаните

Започна имунизацијата на граѓаните од источниот и струмичкиот регион во спортската сала Јордан Мијалков во Штип. Првите 5000 вакцини на Синофарм пристигнаа во спортската сала еден ден пред стартот на вакцинацијата. Првиот ден се вакцинираа лица над 80 години, денес веќе границата се намалува.

5 Мај – Ден на македонскиот јазик и азбука

Денес го одбележавме денот на македонскиот јазик, азбука и 100 години од раѓањето на Блаже Консески. Блаже Конески бил поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, истакнат македонски книжевен и културен работник, академик – прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), филолог и професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а и еден од…

118 години од смртта на великанот Гоце Делчев

Денес одбележавме 118 години од смртта на великанот Гоце Делчев. Градоначалникот положи цвеќе пред спомен обележјето на Гоце Делчев. Современа Македонија има длабок пиетет кон Гоце Делчев, првенецот на македонското револуционерно национално-ослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. “Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите” – Гоце…

Се грижиме за културното наследство

Штип се грижи за своето културно наследство. Штип заедно со Општина Карбинци како приоритет претставува проект до Центарот за развој на Источен плански регион кој ќе ги аплицира за финансирање до Бирото за регионален развој. Нудиме подобрување на туристичката сигнализација и инфраструктура во Источен плански регион – електрификација и партерно уредување на археолошкиот локалитет Баргала…

Градежен бум во Штип – реконструкција на 11 улици

Започнува градежен бум во Штип – реконструираме 11 улици во нашата општина. Од денес Штип влегува во сериозни инвестициски зафати. Во 5 населби започнуваме со реконструкција на 11 улици. Започнуваме со реконструкција на улиците Сутјеска во населба Автокоманда, Ванчо Прке и Маршал Тито во централното градско подрачје, Д-р Слободан Јовановски кај касарната Јане Сандански, Скоевска…

Средба со АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности

Денес Градоначалникот Д-р Сашко Николов оствари средба со АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности, на која се потпиша меморандум за соработка. Преку активностите на проектот ќе се зајакнат капацитетите на локалните чинители во следните области: Финансиска транспарентност на буџетот на општината, парафискални трошоци и јавни набавки, мониторинг, застапување, градење партнерства и јавни претпријатија. Посебни цели…