Донација на вода и свежо овошје

Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов, со донација на вода и свежо овошје се вклучи во одбележувањето на Божикните празници во организација на ,,Бадникови поворки”. За таа цел, денес заедно со претставници од ,,Бадникови поворки”, градоначалникот со хуманиот гест уште еднаш ја искажа личната поддршка кон своите колеги – медицинскиот персонал од Инфективното одделение…

Посета на касарна заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска

Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска беа во посета на касарната во Штип. Исто така тој имаше кратка работна средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Доделување ваучери на дежурните служби

Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов додели ваучери на дежурните служби по повод нивната заложба и неуморна работа во изминатата 2020 година. Градоначалникот им посака среќни новогодишни и божиќни празници, успешна работа и во новата 2021 година.

Посета на ТППЕ – Штип

Денес, градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов изврши смотра и увид во работата на ТППЕ – Штип. Општина Штип од бучетот одвои еден милион и триста илјади денари за набавка на нови униформи, заштитни чизми и ракавици.

Посета на детското одделение и училиштето во с. Шашаварлија

Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов во рамките на својата работна агенда го посети детското одделение при ЈЗУ КБ Штип, училиштето ООУ ” Гоце Делчев ” во с.Шашаварлија и училиштето ООУ ” Тошо Арсов ” во с.Почивало, каде што подари новогодишни пакетчиња на дечињата. Градоначалникот Николов на дечињата како и на вработените им посака…

Увид во градежни активности за реконструкција на двор во ООУ„Димитар Влахов“

Градоначалникот на Општина Штип, д-р Сашко Николов изврши увид во градежните активности за реконструкција и уредување на дворот во ООУ „Димитар Влахов“. Се работи за комплетно уредување на дворната површина со што ќе се олесни пристапот како на учениците, вработените и родителите така и на оние возила кои што во одредени моменти неопходно е да…

Посета на мал групен дом

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов во рамките на својата работна агенда ги посети дечињата кои престојуваат во малиот групен дом. При посетата на оваа институција беа поделени новогодишни пакетчиња. Градоначалникот Николов на дечињата како и на вработените им посака среќни новогодишни и божиќни празници со желби за многу здравје, среќа и љубов. Заедно…

Примопредавање на функцијата градоначалник на Општина Штип

Денеска, 23.12.2020 г., Општинската изборна комисија му го врачи уверението за избран градоначалник на Сашко Николов. На предвремените локални избори д-р Сашко Николов од СДСМ и коалицијата со мнозинство гласови е избран за градоначалник на Општина Штип. „Сакам да се заблагодарам на сите мои сограѓани кои на 13 декември го дадоа својот глас. Ветувам дека…

Доделување на награди и признанија по повод 19 декември – Денот на градот

Денеска во организација на Општина Штип, доделени се наградите и признанијата за 19 декември – Денот на градот. Поради протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести, оваа година свеченоста се одржа во кабинетот на градоначалникот. Добитници на наградите оваа година се: –      Мирко Наџаков – Фудбалер и педагог со своја богата спортска кариера. –      Кирил Барбареев –…

Прес конференција, Одбележување на 19 декември – „Свети Никола“

Оваа година , за жал церемонијата за доделување на наградите ќе биде скромна и во услови наметнати од состојбите со пандемијата од Ковид 19, а согласно протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести,  но тоа ниту малку не ја  намалува свеченоста  на овој чин, а уште помалку  значењето и големината на годинешниве добитници на наградите.…