Средба со граѓани во Караорман
Денеска Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов ја посети урбаната заедница Караорман. Се разговараше за главните проблеми и предизвици со кои се соочуваат жителите на Караорман. Овде најавуваме нова градежна офанзива, започнуваме со асфалтирање на три улици во Караорман и изградба на тротоар на главната улица.