Одбележување на светскиот ден на уметноста

Денеска го одбележавме светскиот ден на уметноста со ликовна изложба во културниот дом “Ацо Шопов” по сите протоколи. Штип е и ќе остане еден од центрите на културата и уметноста и носител на авангардните случувања не само во источниот регион, туку воопшто во Македонија.Во овој  културен дом се случиле серија културно – уметнички настани, од настапи на великани како Симон Трпчевски, Стефан Миленковиќ и многу други. Ова до пред пандемијата беше и ќе остане дом на нашиот Макфест.