Ја одбележуваме 78 годишнината од депортирањето на штипските Евреи

Ја одбележавме 78 годишнината од депортирањето на штипските Евреи. По тој повод делегација од Општина Штип, претседателката на Совет на Општина Штип, Марјана Рогожарска Поповска, советници, сојузот на борците, АРМ, здружение на пензионери и претставници од Евреите положија цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и еврејските гробишта во Штип. Претседателката на Совет на Општина Штип…

Започнуваме со заловување на кучиња скитници

Кучињата скитници се заловуваат од страна на ветеринарната станица во присуство на Здружение за заштита на животни “Живот” – ШТИП, кучињата скитници се згрижени во прифатилиштето кај Новакова Чешма. Подоцна откако ќе бидат лабораториски испитани, стерилизирани, вакцинирани и чипорани со микро-чип, истите ќе бидат понудени за вдомување.

Започнуваме со асфалтирање на улици во централното градско подрачје

Започнуваме градежните активности на дел од улиците “Ванчо Прке” и “Јосиф Ковачев” во централното градско подрачје. Се очекува градежните активности на овие две улици да завршат до крајот на оваа недела.