Ја одбележуваме 78 годишнината од депортирањето на штипските Евреи

Ја одбележавме 78 годишнината од депортирањето на штипските Евреи. По тој повод делегација од Општина Штип, претседателката на Совет на Општина Штип, Марјана Рогожарска Поповска, советници, сојузот на борците, АРМ, здружение на пензионери и претставници од Евреите положија цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и еврејските гробишта во Штип. Претседателката на Совет на Општина Штип…

Започнуваме со заловување на кучиња скитници

Кучињата скитници се заловуваат од страна на ветеринарната станица во присуство на Здружение за заштита на животни “Живот” – ШТИП, кучињата скитници се згрижени во прифатилиштето кај Новакова Чешма. Подоцна откако ќе бидат лабораториски испитани, стерилизирани, вакцинирани и чипорани со микро-чип, истите ќе бидат понудени за вдомување.

Започнуваме со асфалтирање на улици во централното градско подрачје

Започнуваме градежните активности на дел од улиците “Ванчо Прке” и “Јосиф Ковачев” во централното градско подрачје. Се очекува градежните активности на овие две улици да завршат до крајот на оваа недела.

Состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Денеска на 10.03.2021 г. со почеток од 12:00 часот се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување, присутни беа началникот Никола Тушев, помошник на началникот за згрижување и евакуација, Сашо Протогеров, помошник на началникот за заштита и спасување, Тони Атансаов, помошник на началникот за заштита и спасување од поплави, Живко Тасев, извршител администратор, Александар…

Отстранување на рампи за паркинг без дозвола

Поради узурпирање на јавна површина со поставување на рампи за паркинг без дозвола, по налог на комунален инспектор е пробиен рокот од 7 дена даден за нивно отстранување. Рампите за паркинг се отстрануваат од страна на ЈП “Стипион”.

Во завршна фаза е новиот експресен пат А3 Штип – Кочани со вкупна должина од 28 км

Со задоволство најавуваме дека во завршна фазе е новиот експресен пат А3 Штип – Кочани со вкупна должина од 28 км. Завршена е првата фаза од експресниот пат Штип – Крупиште во должина од 14.30 км. Во завршна фаза е и Крупиште – Кочани во должина од 13.75 км. Капиталните инвестиции се од голема важност…

Средба со друштво на планинарски спортови „Лисец“

Ваквите средби ни се со исклучителна важност, со цел афирмација на планинските спортови! ДПС “Лисец” е организација која ги сплотува сите планински спортови повеќе од 50 години. Во рамки на “Лисец” функционираат неколку спортски клубови како Спортско качување, Спелеологија, Алпинизам, Спортска ориентација, планинарство и планинско трчање.

Чекор кон поефикасна и поголема транспарентност

Дигитализацијата е чекор кон поефикасна и поголема трамспарентност. Денес Градоначалникот на Општина Штип учествуваше на дебата Дигитализирај ме – “Кажи за другите да знаат”. Ја подобруваме комуникацијата меѓу граѓаните и граѓанските организации со општината. Ја обновуваме интернет страната на општината и ја апдејтираме со повеќе вести се со цел граѓаните навремено да бидат информирани. Ќе…

Посета на Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј

Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј на посета во Општина Штип. Се разговараше за проектите кои општината ги реализира од европските фондови, но и за трговската соработка меѓу Велика Британија и Северна Македонија. Во наредниот период  со тимот на амбасадорката Галовеј ќе соработуваме за да се воспостави онлајн форум со компаниите, а со цел да…