Донација на лаптоп компјутери за ученици од социјално ранливи семејства

На општина Штип и беа донирани 16 лаптоп компјутери. Донацијата исто така вклучува и обезбедување на обука за дигитална писменост за учениците кои ќе ги користат лаптопите. Целта на донацијата е задоволување на образовните потреби на учениците од социјално ранливи семејства, во процес на дигитализација на образовението. Лаптопите ќе ги користат ученици од социјално ранливи…

Известување за изменет режим на сообраќај

Почитувани, Поради изведување на градежни активности и проширување на крстосница за добивање на функционалност во сообраќајниот режим , Ве известуваме дека на ул. „Сремски фронт “ во нас. Сењак во рок од 20 дена започнувајќи од утре 14.04.2022 година од 13 часот ќе дојде до затворање на горенаведената улица за сите сообраќајни возила.

Започна кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот. Општинa Штип  како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е…

Свечен пречек на Европскиот шампион во борење Владимир Егоров

Градоначалникот на Општина Штип, заедно со Боречкиот клуб Балканец организираа свечен пречек на Европскиот шампион во борење Владимир Егоров, кој го освои златниот медал на ЕП во Будимпешта. Ова е голем успех за македонското борење, посебно за град Штип од кој надалеку оддекнуваат познати и успешни борачки имиња кои со многу тренинг, амбиции и љубов…

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот во светски рамки

Секоја година на 2 Април се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот во светски рамки. По повод овој ден, Градоначалникот и Секретарот на Општина Штип, ги посетија аутистичните паралелки при ООУ „Ванчо Прќе“ и Дневниот центар за деца со аутизам и им врачија пригодни подароци, односно наставно образовни помагала. Борбата против дискриминацијата,…

15 години од постоењето на универзитет „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов присуствуваше на настанот организиран од Универзитет “Гоце Делчев” по повод 15 години од неговото основање. Пред положувањето на цвеќе во дворот на ректоратот, Градоначалникот беше гостин во кабинетот на Ректорот Блажо Боев, каде истакна дека преку постојаното осовремување на студиите и создавањето на вистинско знаење, веќе 15 години го…

Работна средба за зголемување на соработката помеѓу локалните чинители и општината за поголема финансиска транспарентност

Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од Finance Think, АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности, Квантум Прима и ЛАГ Агро Лидер во соработка со Општина Штип во рамките на проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” организираше работна средба за зголемување на соработката помеѓу локалните чинители и општината.…

Светски ден на лица со Даунов синдром

Светскиот ден на лица со Даунов синдром се одбележува секоја година на 21 март. Во организација на ООУ „Ванчо Прќе“ денес Градоначалникот на Општина Штип даде поддршка на овој настан, преку обезбедување на наставно нагледни средства за учениците со Даунов синдром, а воедно и поддршка на организираната работилница на тема „Шарени чорапчиња“. Градоначалникот истакна дека…

Aсфалтирање на пристапна улица кон училиштето во село Лакавица

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов во село Лакавица изврши увид во градежните активности за поставување асфалт на пристапната улица кон училиштето. Градоначалникот изјави дека освен асфалтирањето на улици ќе се отпочне со подготвување на проект за инсталирање на канализациона мрежа, која е неопходна за нормално функционирање на тамошните жители.

Средба на Градоначалникот со ученичката Сара Димитровска

На 18.02.2022 година во Маврово се одржа државно првенство во скијање на кое учествуваа 350 ученици. Од Општина Штип учествуваа 19 ученика од основните и средните училишта. Ученичката Сара Димитровска како преставник на Гимназија “Славчо Стојменски” освои 1 во место во својата категорија. На средба со Градоначалникот заедно со својот ментор Сашко Богатинов поразговараа за…