Посета на првороденото бебе во 2022 година

На денот Рождение Христово, водејќи се од поривот да подаруваме и да живееме со понизност и чесност, ги посетив бебето Јована и мајката Марија, на кои им беше скратена можноста да го добијат тоа што го заслужуваат. Првото родено бебе во 2022 година, токму на Божиќ ги доби своите подароци од Општина Штип и тоа…

„Сите заедно, за безгрижни Божиќни празници”

Општина Штип, во соработка со општествено одговорни компании од нашиот град, во текот на денешниот ден го реализираше проектот “Сите заедно, за безгрижни Божиќни празници”. На нашите сограѓани од социјален ризик им беа поделени 200 Бадникови пакети, за заедно со своите семејства, во пријатна празнична хармонија и топла трпеза ги поминат Божиќните празници.