Прв работен состанок на Локалниот совет за превенција на Општина Штип

Во насока на подобрување на јавната безбедност со дефинирање и интензивирање на нови активности, во просториите на Општина Штип на 16.03.2022 година се одржа работен состанок на Локалниот совет за превенција на Општина Штип. Целта на Локалниот совет за превенција e подобрување на јавната безбедност на подрачјето на општината, како и градење на доверба и…

79 години од депортација на Евреите од град Штип

Градоначалникот на Општина Штип беше домаќин на одбележување на 79 годишнината од депортацијата на Евреите од Штип. Заедно со Претседателот на Еврејска заедница во Република Македонија Пепо Леви, Н.Е Амбасадор на Соединетите Американски држави Кејт Брнз и Н.Е Амбасадорка на Велика Британија  и Северна Ирска Рејчел Галовеј. После завршувањето на Комеморативната седница во Салата на…

Светски ден на ретките болести

Овие денови зградата на Општина Штип е обоена во име на сите лица со ретки болести. Во соработка со ПКУ Херои го обележуваме 28 Февруари, Светскиот ден на ретките болести и со низа на активности, сакаме да ја зајакнеме свеста и сензитивноста на заедницата во насока на еднаквост и прифаќање на различностите.  

Средба на Градоначалникот на Општина Штип со Амбасадорот на Јапонија во Македонија

Една Јапонска поговорка вели: „Секое долго патување, секогаш започнува со еден краток чекор“. „Патувањето“ на Општина Штип со Амбасадата на Јапонија во Македонија започна уште во 2000 година, кога го реализиравме првиот проект и се’ до денес, вклучувајќи го и грант-договорот за набавка на мобилен рендген апарат во износ од 56.000 евра, обезбеден преку Јапонската…

Средба со амбасадорот на Романија г-ѓа Моника Аксинте

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов оствари средба со амбасадорот на Романија, г-ѓа Моника Аксинте и г-дин Николае Станчу, лектор по романски јазик на Филолошкиот факултет Блаже Конески –Скопје. На средбата беше потврден интересот за соработка и зајакнување на економските и образовните врски. Согласни беа дека преку ваквите средби и тековни работни состаноци ќе се…

Паркинг места во населба 8-ми Ноември

Градоначалникот на Општина Штип и директорот на ЈП Стипион 2011 извршија увид во градежните активности во населба 8ми Ноември. На местата каде што беа отстранети времените лимени гаражи ќе се изградат паркинг места, кои ќе го олеснат функционирањето и секојдневието на тамошните жители. Овој проект е еден од многуте кои ги ветивме и веќе ги…

Донесена одлука од областа на социјалната, детската и здравствената заштита

На денешната седница на Совет на Општина Штип, а согласно Програмата за активностите на Општина Штип од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2022 година, донесуваме одлука со која ќе го обезбедиме правото на партиципација, преку покривање на трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, или поточно за деца со…

Посета на Државното првенство во борење за возрасна категорија У23 за 2022 година

Денес, Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, во спортската сала на СОУ “КОЛЕ НЕХТЕНИН” – Штип, присуствуваше на Државното првенство во борење слободен стил и женско борење за возрасна категорија У23 за 2022 година, на кое што учествуваа вкупно 73 борачи/ки.

Средба со младите фудбалери на Академијата Постолов – Пандев

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов оствари средба со најмладите надежни фудбалери на Академијата Постолов – Пандев по повод освојувањето на прво место на турнирот, кој се одигра во Сандански, Република Бугарија. Градоначалникот посебно се гордее на вакви млади генерации, кои уште од мали несебично и амбициозно се вложуваат во спортот.