Соопштение за наградени и стипендирани ученици за учебната 2021/22 година

Општина Штип доделува 13 стипендии и 4 еднократни парични награди на учениците од Општина Штип за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари во учебната 2021/2022 година. Стипендиите и еднократни парични награди се доделуваат согласно Ранг-листата од Комисијата за наградување на учениците од Општина Штип за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари, врз основа…

СООПШТЕНИЕ ОД ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АДМИНИСТРИРАЊЕ НА ПРИХОДИ ПРИ ОПШТИНА ШТИП – ЈАВНА ОБЈАВА

Општина Штип ги известува сите правни субјекти и физичките лица дека поради неуспешна достава на решенијата за присилна наплата на пријавените адреси во даночното одделение,Општина Штип изготви јавна објава за уредна достава на истите.По истекот на законски предвидениот рок ќе се пристапи кон извршување на решенијата. Општина Штип ги повикува сите правни и физички лица…

#мЗаедница пристигна во Општина Штип Македонија

Отсега, благодарение на оваа дигитална платформа, штипјани ќе имаат можност да бидат директно вклучени во унапредувањето и развојот на својата општина но и да: даваат идеи, предлози и забелешки да аплицираат за субвенции да споделуваат идеи, мислења и сугестии Со помошта на #мЗаедница Штип ќе добие, поефикасна и подостапна локална администрација Апликацијата може да ја…

Општина Штип дел од кампањата 16 дена активизам за борба против родово – базирано насилство

Со Денешниот марш и присуството на голем број на граѓани од невладиниот сектор, советниците од советот на општина Штип, градоначалникот Иван Јорданов , вработени во администрацијата, ученици од средните училишта, претставници на медиумите  Штип  како град  активно се вклучи во  Меѓународната кампањата – 16 дена активизам за борба против родово базирано насилство. Годинава кампањата носи…

Средби на граѓаните од УЗ со цел креирање на буџет на Општина Штип за 2023 година

Ве покануваме да се приклучите кон оддржување на средби со граѓаните од Урбани заедници заедно со  Градоначалникот и Советниците се со цел креирање на Буџетот на Општина Штип за 2023 година и поднесување на предлози на граѓаните за потребни проекти во нивните Урбани заедници.

Одржана спортска манифестација „Фудбал за сите“

Викендов на 26 ноември во спортската сала на СОУ „Коле Нехтенин“ се одржа забавно рекреативна спортска  манифестација под наслов „Фудбал за сите“ , во организација на Општина Штип и НВО ТАКТ, Фудбалска академија – Фудбал за сите од Скопје, а со помош и поддршка на бизнис секторот и наставниците по физичо образование од петте основни…

После 20 години, Штип и конечно ќе добие кино!

Заедно со Киноверзум, кој прераснува во единствениот македонски ланец на кина ќе го оствариме сонот на штипјани – да имаат можност да следат филмски проекции во сопствениот град. Современата технологија која ќе се инсталира, ќе овозможи прикажување на најновите холивудски и европски филмови во просториите на Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип.

Јапонска донација за ЈЗУ Клиничка Болница Штип

На денешната средба со јапонскиот амбасадор Н.Е. Хиронори Савада ја искажав мојата благодарност за досегашната поддршка и помош од страна на јапонскиот народ за нашата општина, како и можноста за продлабочување на соработката помеѓу двата народи. Благодарение на јапонската амбасада, преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), ЈЗУ Клиничка болница – Штип доби нов…

Подготовки за нанесување на првиот асфалтен слој на улица „Браќа Даневи“

По извршената промена на водоводната и канализациона подземна мрежа на ул. Браќа Даневи, од денес се започна со вадење на постоечката коцка, тампонирање и трасирање на улицата. Во наредните денови ќе се завршат сите припреми за нанесување на првиот асфалтен слој во согласност со временските услови. Населба Автокоманда заслужува да добие модерен, функционален и урбанизиран…