Обновени зелените насади на првиот опфат од конзолата на улица „Васил Главинов“

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов заедно со Директорот на ЈП Исар засадија дрвја на првиот опфат од конзолата на ул. Васил Главинов. Ветивме дека за секое паднато дрво поради градежните активности, ќе обезбедиме нови дваесет, а наредниот период во секоја населба ќе ја обновиме вегетацијата, затоа што мораме да се однесуваме кон природата со…

Меморандум за соработка меѓу Општина Штип и Правната клиника на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев” Штип

Денес градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов и Правната клиника на Правниот факултет при Универзитет “Гоце Делчев”-Штип потпишаа Меморандум за соработка. Со потпишување на овој меморандум, се воспоставува соработка со цел меѓусебна координација, планирање на активности и нивна реализација. Преку нивна реализација ќе се обезбеди бесплатна правна помош, како и промовирање на полесен пристап до…

Одржана 1-вата седница на Меѓуопштински одбор за управување со отпад во ИПР

Денес во мултимедијалниот центар ,,Киро Глигоров”  Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов заедно со градоначалниците од Источно планскиот регион ја одржаа првата седница на Меѓуопштински одбор за управување со отпад во ИПР. На истата седница е конституиран Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во ИПР и како претседавач е избран Виктор Паунов – градоначалник на Општина…

Отворениот ден со граѓаните помина успешно!

Отворениот ден со граѓаните помина успешно! Наредната среда од 18:00 часот, Градоначалникот на Општина Штип и службите од локалната самоуправа повторно ќе разговараат со заинтересирани граѓани, затоа што отвореноста и транспарентноста се одлика на нашата општина!

Увид на градежните активности на спортскиот рекреативен центар Ново Село

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, изврши увид во тековните градежни активности на спортско рекреативниот центар Ново Село. Овој центар е сѐ уште во изградба и за брзо време ќе биде едно убаво опремено катче во кое ќе може да уживаат и помладите и постарите генерации. Градоначалникот изјави дека овој пример ќе го следиме и во…

Фотонапонски панели во 4 јавни објекти во Штип, Радовиш, Карбинци и Конче

Локалната акциона група „Плачковица“, која има проекти во четири општини од Плачковичкиот Регион, Радовиш, Конче, Карбинци и Штип, уште пред да почне енергетската криза почна со исталирање фотоволтаични панели за производство на струја на 4 јавни објекти во овие општини. Станува збор за фотонапонски панели кои веќе се во функција на основно училиште во населбата…

Прием на учесниците на 18-тата Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки

Денес Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов,ги прими Марио Ванчоски и Иван Костевски ученици во СОУ Гимназија ,,Славчо Стојменски” – Штип учесници на 18-тата Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки во Дубаи, одржана од 12 – 21 Декември 2021 година. Овие две момчиња во конкуренција од 900 други љубители на науката, го освоија бронзениот медал.…

Чествување по повод 150 години од раѓањето на идеологот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев

Денес ги чествуваме сто и педесетте години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, првоапостолот на македонското ослободително движење и срцето на македонската ослободителна револуција. Во една прилика Делчев ќе истакне: -Може ли да има друго место за еден Македонец освен Македонија? – Има ли понесреќен народ од Македонскиот? -Има ли некаде пошироко поле за работа отколку Македонија? И денес важи истиот одговор: нашето минато, нашата сегашност, нашата иднина и нашата судба е Македонија!

Теренска активност за чистење на снежни наноси

Експресно, со механизација за одржување на улиците во зимски услови, Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов направи увид на улиците во Општината,со цел да се обезбеди безбедни услови за возачите и сите наши граѓани. Јавните претпријатија во текот на ноќта ќе бидат на терен и ќе овозможат снегот да не биде пречка во текот на утрешниот ден!