Aсфалтирање на пристапна улица кон училиштето во село Лакавица

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов во село Лакавица изврши увид во градежните активности за поставување асфалт на пристапната улица кон училиштето. Градоначалникот изјави дека освен асфалтирањето на улици ќе се отпочне со подготвување на проект за инсталирање на канализациона мрежа, која е неопходна за нормално функционирање на тамошните жители.