Општина Штип со силна динамика ја продолжува пролетната градежна офанзива!

Деновиве беше завршено асфалтирањето на дел од ул. Астибо. Во наредниот период интензивно ќе се пристапи кон подобрување на инфраструктурните услови во сите населени места во нашиот град.

Општина Штип продолжува со најавените проекти во инфраструктурата и нивна реализација во секоја населба на нашиот град

Денес жителите на населба “Баби” добија реконструирана улица со поставување на нов асфалт на ул.Руен од 1250м2, во вредност од 854.762,00 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Штип.

Со нова посветена акција до позелен град

Благодарение на општествено одговорни компании, денес продолживме со пошумување и раззеленување на неколку голи површини во Штип. Вработените од ЈП Исар заедно со нашите сограѓани засадија 1300 садници “Американски чемпрес”. Само на овој начин заедно можеме да придонесеме кон почист воздух во нашиот град и подигнување на јавната свест за подобра животната средина.

Жителите на населба Пребег ќе добијат ново спортско рекреативно игралиште

За првпат после 30 години, жителите на населба Пребег ќе добијат ново спортско рекреативно игралиште на кое ќе биде поставена специјализирана вештачка трева за мал фудбал. Игралиштето ќе биде целосно оградено со заштитна ограда и целосно осветлено, заради подобра функционалност и безбедност во вечерните часови. Ова катче ќе биде збогатено со детски содржини за најмалите…

Општина Штип денес одбележува традицијата Чет’рсе

Општина Штип денес одбележува 10 години од воведувањето на првото добро од Република Македонија на репрезентативната листа на светското нематеријално културно наследство наќ УНЕСКО – традицијата Чет’рсе. Овој обичај се изведува во Штип години наназад за верскиот празник Св. Четириесет Маченици, на првиот ден од пролетта.

ПОСВЕТЕНО, ЗА ПОЗЕЛЕН ГРАД!

Денес вработените во Општина Штип и јавните претпријатија, реализираа заедничка акција за засадување на неколку илјади садници црн бор на месноста „Kумлак”. Со оваа акција ќе ги зголемиме зелените површини, позитивно ќе влијаеме за почист воздух во нашиот град и подигнување на јавната свест, а ќе го унапредиме квалитетот на животната средина, преку пошумување и…

Со моќната порака “Се бориме за леб, но се бориме и за рози!”, денес со симболичен гест беше одбележан Меѓународниот ден на жената

Со моќната порака “Се бориме за леб, но се бориме и за рози!”, денес со симболичен гест беше одбележан Меѓународниот ден на жената. Заедно со Здружението “Гласен Текстилец”, црпејќи инспирација од почетниот активизам на жените за унапредување на нивниот семеен и професионален живот, на ѕидот во парк К’ртеке беше нацртан мурал. Овој мурал го претстсвува…

ОПШТИНА ШТИП СЕ ДИГИТАЛИЗИРА

Граѓаните на Општина Штип веќе имаат можност за електронски пристап до сите општински услуги, со што преку дигитализирана платформа во секој момент ќе имаат можност да поднесуваат барања до сите одделенија и сектори во рамки на Општина Штип и јавните претпријатија. Преку платформата “М ЗАЕДНИЦА” граѓаните ќе можат да пријавуваат проблем, а потоа преку одговорното…

Прв Форум за образование

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денес присуствуваше на Првиот Форум за образование, а од кој се очекува интензивирање на соработката помеѓу Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, средните училишта и приватниот сектор. Со сплотени сили, веруваме дека ќе им биде овозможено на идните ученици и студенти да имаат подобри услови за унапредување на знаењата, бидејќи…